С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година  од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани на дел од КП 262, КП 263 и КП 268/2, КО Војшанци, Општина Неготино

Граници на проектниот опфат се:

- на североисток КП 268/1
- на северозапад КП 93/2
- на северозапад и југозапад полски пат КП 1227/1
- на југоисток КП 264 и КП 267

Опфатот е со површина  од  1.02 ха.

Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 16.09.2022 до 30.09.2022 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

Urbanisticki proekt KP 262_263_268.pdf


Anketen list za javen uvid.pdf