Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеДесетта вонредна седница на Советот на општина Неготино 15.09.2022 |
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното Р Е Ш Е Н И Е За свикување на десетта вонредна седница на Советот на општина Неготино Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 15.09.2022 година ( четврток ) во 15:00 часот . За седницата го предлагам следниот Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Усвојување на записник од 15 редовна седница на Совет на општина Неготино 2. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Неготино во деновите 21,22 и 23 септември 2022 година ( за време на Неготинскиот панаѓур 2022 ) 3. Предлог – Одлука за определување на висината на надоместок за користење на плоштад во општина Неготино за поставување на маси на ден 18.09.2022 година за Неготинска музичка вечер 2022 година |