КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното: С О О П Ш Т Е Н И Е за јавен увид за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за формирање на градежна парцела со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани на КП-709/2, КО Војшанци, Општина Неготино Граници на проектниот опфат се: На северозапад границата поминува по граница меѓу КП 709/2 и 709/1, потоа скршнува кон југоисток движејки се по граница меѓу КП 709/2 и 1209/2, потоа скршнува кон југозапад движејќи се по граница меѓу КП 709/2 и 710, потоа скршнува кон северозапад движејќи се по граница меѓу КП 709/2 и 212 од која се обезбедува и пристап преку некатегоризиран пат, потоа границата се движи по границата меѓу КП 709/2 и 214/1. Опфатот е со површина од 1.07 ха. Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 13.09.2022 до 28.09.2022 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино. Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови. |