С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2022 година  од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за формирање на градежна парцела со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани на КП-709/2, КО Војшанци, Општина Неготино

Граници на проектниот опфат се:

На северозапад границата поминува по граница меѓу КП 709/2 и 709/1, потоа скршнува кон југоисток движејки се по граница меѓу КП 709/2 и 1209/2, потоа скршнува кон југозапад движејќи се по граница меѓу КП 709/2 и 710, потоа скршнува кон северозапад движејќи се по граница меѓу КП 709/2 и 212 од која се обезбедува и пристап преку некатегоризиран пат, потоа границата се движи по границата меѓу КП 709/2 и 214/1.

Опфатот е со површина  од  1.07 ха.

Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 13.09.2022 до 28.09.2022 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.