КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеОтпочна изградбата на нова водоводна линија на ул„Димче Мирчев“ и „Душан Преграц“ |
There are no translations available. Согласно договорот помеѓу општина Неготино и изведувачот на работите Вод-вар инженеринг од Скопје, отпочнаа градежните активности за изградба на нова водоводна линија на улиците „Димче Мирчев“ и „Душан Преграц“. Воведот во работата за реконструкција на овие улици е веќе извршен, а општина Неготино навремено ги информираше и испрати известување до 40 семејства дека приклучоците од водоводната линија до дворните места ќе ги постави општина Неготино, а нивна обврска е приклучокот до домовите да го извршат самите. Основна цел на проектот е замена на старата, дотраена и оштетена водоводна линија на овие две улици со нова со поголем зафат и нејзина поефикасна функционалност. Проектот е финансиран со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање и буџетот на општина Неготино. Рокот за извршување на работите е 40 денови, а надзорот го врши Студио Архивисион од Скопје.
|