Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеВонредна седница на Совет на општина Неготино 18.08.2022 година |
![]() |
![]() |
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното Р Е Ш Е Н И Е За свикување на седма вонредна седница на Советот на општина Неготино Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 18.08.2022 година ( четврток ) во 14:30 часот . За седницата го предлагам следниот Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Усвојување на записник од 14 редовна седница на Совет на Општина Неготино 2. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022 година 3. Предлог – Одлука за сопствено учество на Општина Неготино во реализација на проектот „ Зајакнување на капацитетите на ТППЕ во општина Велес, Неготино, Свети Николе и Кавадарци преку набавка на високо професионални возила согласно европските стандарди “ 4. Предлог – Одлука за утврдување на интерес за основање на Акционерско Друштво Градски Ракометен Клуб „ ВАРДАР НЕГОТИНО “ Неготино 5. Предлог – Одлука за доделување на паричен надомест за секој ученик запишан во прво одделение во учебната 2022/2023 година во основните училишта во општина Неготино 6. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за образование на Општина Неготино за 2022 година 7. Предлог – Одлука за пренамена на средства од Буџетот на општина Неготино 8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за дополнување на План за работа на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “Неготино за 2022 година |