Мени

Кодекс за административни службеници

Кодекс за административни службеници
Започна голема акција за чистење на депонии во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Работници на изведувачот на работите фирмата Гас трејд од Д. Капија под надзор на Студио Архивисион од Скопје за потребите на општина Неготино започнаа со активности за расчистување на дивите депонии на подрачјето на нашата општина. Се стартуваше со чистење на депонијата во Д. Дисан и околината, а со оваа голема акција ќе бидат опфатени депониите во сите населени места во општина Неготино. Активностите планирано е да се одвиваат во наредните 60--тина денови, а предвидени се и заеднички работи со месното население. Секој граѓанин кој има сознанија за постоење на дива депонија, може да пријави до надлежните служби при општината или до Моја патрола. Сметот и шутот ќе се транспортираат до градската депонија Бучето.