Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеСедница на Совет на општина Неготино 22.07.2022 година |
There are no translations available. Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,
13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 14 ( четиринаесетта ) редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 22.07.2022 година ( петок ) во 14:00 часот. За седницата го предлагам следниот ДНЕВЕН РЕД 1.Усвојување на записник од 6 вонредна седница на Совет на Општина Неготино 2. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/3 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена за влез на оператор на гробишта и користење на ладилник 3. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/4 од 23.06.2022 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за собирање на смет за физички 4. Предлог - Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/5 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на гробни места и висина на цена за влез на гробишта на каменорезач 5. Предлог- Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/6 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на машински и рачни работни задачи 6. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на територијата на општина Неготино за 2022 година 7. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2022 година 8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2022 година 9. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации на Општина неготино за 2022 година 10. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2022 година 11. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2022 година 12. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година 13. Предлог- Измени и дополнувања на буџетот на општина Неготино за 2022 година ( ребаланс ) 14. Предлог – Правилник за определување на постапка и критериуми за доделување на финансиски средства на задруженија и фондации од буџетот на Општина Неготино 15. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино 16. Предлог – Заклучок за утврдување на локација за дислокација на дивите гаражи, земјоделски машини, моторни хаварисани возила кои узурпираат јавна површина на територијата на општина Неготинo 17. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош |