Како увертира во манифестацијата “Спортско – културно лето 2022”, која општина Неготино ја подготвува за граѓаните за периодот кој следува, во петок 15 јули започнува првиот од предвидените настани, односно меморијалниот турнир во мал фудбал “Крсте Велјанов”. Отварањето на турниорот кој што ќе одржи на терените на спортскиот комплекс СРЦ “Mладост” е закажано за петок во 20.30 часот, а учество на турнирот ќе земат повеќе екипи од Неготино, Скопје, Велес, Прилеп, Кавадарци, итн. Досега се пријавени вкупно 16 екипи, а пријавувањето за учество завршува денес (среда, 13 јули). Секоја екипа има право да пријави вкупно 10 играчи, а на терен се игра 5+1. Ждрепката и распоредот на натпреварите ќе бидат утврдени во четврток, 14 јули. Наградниот фонд кој го обезбеди општина Неготино изнесува 140.000 денари, а покрај наградите за најдобро пласираните четири екипи, ќе бидат доделени и награди за најдобар голман, најдобар стрелец и МВП на турнирот. Завршните мечеви и финалето на овој спортски настан се закажани за 7 август, кога ќе бидат доделени и наградите за надобрите учесници. Општина Неготино и организаторите на настанот упатуваат покана до граѓаните од општината масовно да ги посетат случувањата на турнирот кој гарантира интересни натпревари и одлична забава.
|