Во наредниот двомесечен период во рамките на предвидените програмски активности, Општина Неготино за своите граѓани планира да обезбеди широк спектар на културни, спортски и други настани преку кои ќе придонесе за збогатување на општествениот и културно-забавниот живот во општината. Оваа година во рамки на манифестацијата “Спортско – културно лето ‘22”, која за прв пат ќе биде презентирана како единствена целина, ќе бидат одржани голем број на настани меѓу кои: турнири во повеќе спортови, театарски претстави, концерти, како и настани за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност и настани со стопански карактер. За одбележување е организацијата на познатата “Неготинската музичка вечер 2022”, во рамките на која ќе настапат повеќе познати музички ѕвезди, а истата ќе се одржи на градскиот плоштад. Подетални информации за предвидените настани Општина Неготино ќе објавува пред започнувањето на секое од планираните случувања. Ги покануваме сите граѓани на Општина Неготино масовно да ги посетат предвидените настани и да уживаат во понудените содржини.
|