КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеСо 6.000.000 денари се реконструира ул„Браќа Миладинови“ и санација на ударни дупки на улици |
![]() |
![]() |
Со средства во висина од 6 милиони денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино денеска се започна со градежни активности за комплетна реконструкција и асфалтирање на улицата „Браќа Миладинови“ во должина од околу 250 метри, а паралелно ќе се одвиваат активности за санирање на ударни дупки на улиците во цел град каде што се регистрирани поголеми оштетувања. Според проектот, на ул „Браќа Миладинови“ предвидено е да се врши ископ, тампонирање, поставување на нови бетонски рабници и финално асфалтирање на целата улица. Исто така, во зависност од динамиката на изведување на работите, паралелно ќе се пристапи и кон санирање на ударните дупки на улиците во Неготино. Изведувач на градежните работи е фирмата „Градба промет“, а надзорот го врши „Павер трејд“ од Кавадарци. ![]() ![]()
|