Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностФормиран е Локален младински совет при општина Неготино |
На седницата на Советот на општина Неготино одржана на 27.06.2022, а по претходна иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов, со мнозинство гласови се верификуваа мандатите на петте членови на Локалниот младински совет при општина Неготино. Со тоа и официјално е формиран Локалниот младински совет ветен во мојата програма. Постапката за формирање траеше околу 5 месеци, се одвиваше на транспарентен начин, и беше во целосна согласност со Законот за младинско учество и младински политики донесен во 2020 година.За членови на Локалниот младински совет при општина Неготино се избрани:
- Пане Камчев - Тијана Стојанова - Кристијан Митковски - Сања Камчева - Мите Јаначков Нивниот мандат трае 2 години. Отсекогаш сум се залагал за развој и просперитетна иднина на младите. Општина Неготино и јас како градоначалник сум отворен за соработка и ќе бидам нивен поддржувач. Нивните идеи, проекти и заложби треба да бидат наш заеднички мотив иднината на општина Неготино да остане на младите лица. Им посакувам успешна и плодна работа на младите советници. |