Покана за циклус на обуки во рамки на проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со скратен назив Акроним,, wine-up,,
Информации за проектот Проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со акроним “wine-up” се реализира во период од октомври 2021 до април 2023 година, водечки партнер е Општина Пела – Република Грција, а проектен партнер е Општина Неготино, РС Македонија. Проектот има за цел поддршка и развој на економијата во овој регион. Специфична цел на проектот: Подобрување на атрактивностите и промовирање на туризмот во прекуграничната област со цел подобрување на вработувањата во туризмот. Активности кои ги предвидува проектот: • Активности кои ќе придонесат кон нови вработувања во правец на јакнење на човечките капацитети со обуки од областа на туризмот • Планирање на дирекни вработувања (времени) со намера истите да станат одржливи по завршување на проектот како во јавниот така и во приватниот сектор. • поддршка во организирање на настани, по повод Св Трифун и Неготинскиот панаѓур во Неготино за времетраењето на проектот, заради поголема промоција на општината, но истовремено како можност за размена на искуства со прекуграничните и други странски партнери Циклус на обуки: Општина Неготино заедно со компанијата О3 Инвест Скопје, планираат да организираат три циклус обуки на следните теми: 1. Управување со дестинација 2. Организирање на настани 3. Градење на вештини за туристички водичи Обуките се наменети за студенти и невработени лица со цел поддршка за вработување во туризмот. Обуките ќе бидат во временски период од 1 месец, односно 20 работни денови по 1 до 2 часа во салата на Општина Неготино. Планирано е да се одржат за време на летниот период од јуни до септември, во зависност од потребите на граѓаните на општината и формирањето на групите. Подтемите како и динамиката на реализација ќе бидат дополнително споделени со сите заинтересирани. Сите заинтересирани лица, повеќе информаци може да добијат на а
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Пријавувањето може да се направи електронски на следниот линк или телефонски на 070/786-808. П О К А Н А
https://docs.google.com/forms/d/17CxYBbx26KsoEVY0IkA8Li4ZwIC85zJULjWrlOHiT64/edit
|