Горан Стојанов
Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов е роден на 19 ноември 1977 година во Неготино. Основно и средно образование завршува во Неготино. Високо образование завршува на Медицинскиот факултет при Тракиискиот Универзитет во Стара Загора, Република Бугарија. Оженет и татко на две деца. Од 2005-2012 работи како лекар по општта медицина во ПЗУ „ Поликлиника Жана “ во Неготино, а од 2012 па се до изборот на градоначалник на Општина Неготино работи како специјалист по интерна медицина во ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино. Во периодот од 2009 до 2013 година е советник во Советот на Општина Неготино. Од странски јазици говори англиски, бугарски и српски јазик. На локалните избори во октомври 2021 година е избран за градоначалник на Општина Неготино.
НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
- Ја претставува и застапува Општината; - Ја контролира законитоста на прописите на советот; - Ги објавува прописите на советот во службено гласило; - Го обезбедува извршувањето на работите на одлуките на советот; - Го обезбедува извршувањето на работите кои со закон се делегирани на општината; - Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот; - Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината; - Го извршува буџетот на општината; - Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс; - Редовно го известува советот за извршување на своите надлежности во согласност со статутот; - Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон; - Донесува правилник за систематизација на работни места во општинска администрација; - Раководи со општинска администрација; - Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон; - Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статут; - Врши други работи утврдени со закон и со статут; - Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.
|