Вонредна седница на Совет на општина Неготино 24.09.2021 година PDF Print
There are no translations available.

  Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на дваесет и деветтата вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 24.09.2021 година ( петок ) во 14 часот . За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог - Одлука за усвојување на Извештајот за работа за учебната 2020/2021 година на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
2. Предлог – Одлука за усвојуње на Програмата за работа за учебната 2021/2022 година на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
3. Предлог- Решение за давање согласност на Тарифник на висината на надоместокот за користење на објектите за спорт во општина Неготино
4. Предлог- Решение за давање согласност на Одлука за висината на надоместокот за комунална такса
5. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација