КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеФормирана Комисија за проценка на штети на земјоделски култури предизвикани од суша |
There are no translations available. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков донесе решение со кое се формираше Комисија за проценка на штети предизвикани од суша која ги зафати земјоделските култури во месеците јули/август 2021 година на територијата на општина Неготино. Се повикуваат сите граѓани кои имаат претрпено материјална штета од природна непогода суша, истата да ја пријават во деновите 09,10 и 13 септември во периодот од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Општина Неготино и со себе да носат лична карта и имотен лист.
Комисијата ќе ја утврдува фактичката состојба на самото место и истата ќе состави записник за извршен увид на самото место. При утврдување на проценката на штетата, Комисијата ќе постапува согласно Единствената методологија за процена на штетите од елементарни и други непогоди и ќе изработи збирен извештај за проценетите штети на општина Неготино и ќе ги достави до Советот на општина Неготино. |