JАВЕН ОГЛАС бр.1/2021 за вработување на 9 (девет) лица - даватели на услуги на неопределено време во ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ PDF Print
There are no translations available.

  Врз основа на член 37 од Закон за јавните претпријатија (Сл.весник на РМ бр.38/96, 9/97, 6/02, 19/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16 и 64/18,  член 22 и 23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РСМ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, и 27/2016), член 20 и член 21 став 2 од Законот за вработените во  јавниот сектор (Сл.весник на РСМ бр.27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за систематизација на работните места на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино бр.06-6/1 од 31.03.2021 година, В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” на Општина Неготино , објавува:

JАВЕН ОГЛАС
бр.1/2021  за вработување на 9 (девет) лица - даватели на услуги на неопределено време во ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“

1.Контролор на паркирање
Шифра: KДР 03 05 Б02 050,  6 (шест) даватели на услуги

Општи услови:
-    да е државјанин на Р.Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здравствена способност за работното место;
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
-    стекнати најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО  или  четири годишно средно образование ;

-    најмалку 2(две) години работно искуство во струката.

Распоред на работното време:
-    работни денови од понеделник  до сабота петок ;
-    работни часови неделно 40;
-    сменско работно време од понеделник до петок,  прва смена од 08:00 до 15:00 часот , втора смена од 15:00 до 22:00 часот  и сабота од 08:00 до 15:00 часот.

Основната нето плата изнесува:  18.819,oo денари
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата  за 2021 година се македонец(ка) 1.

2.Раководител на Одделение за oддржување на спортски објекти
Шифра: KДР 03 05 А03 060,  - 1(eден) давател на услуга

Општи услови:
-    да е државјанин на Р.Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здравствена способност за работното место;
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
-    стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Земјоделско инжинерство или факултет за физичко образование, спорт и здравје;
-    најмалку 2(две) години работно искуство во струката, од кои најмалку 1(една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката , од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор ;
-    Работа и придонес во спортот.
-    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Распоред на работното време:
-    работни денови од понеделник  до  петок од 08:00 до 16:00 часот;
-    работни часови неделно 40.

Основната нето плата изнесува:  30.718,oo денари.
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата  за 2021 година се македонец(ка) 1.

3.Општ работник
Шифра: KДР 03 05 В02 031,  2 (два) даватели на услуги

Општи услови:
-    да е државјанин на Р.Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здравствена способност за работното место;
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
-    стекнати најмалку ниво на квалификации  I или  основно образование;
-    со или без работно искуство во струката.

Распоред на работното време:
-    работни денови од понеделник  до  петок од 08:00 до 16:00 часот;
-    работни часови неделно 40.

Основната нето плата изнесува:  16.477,oo денари.
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата  за 2021 година се македонец(ка) 1.
Кандидатите доставуваат пријава која треба да ја содржи следната содржина:
1.лични податоци на кандидатот;
2.податоци за исполнување на општите услови;
3.податоци за исполнување на посебните услови;
4.изјава со потврда дека податоците содржани во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот;
5.дата на пријавување и потпис на кандидатот.

Приложените документи кон пријавата се во оригинал форма или копија заверена на нотар.
Пријавата може да се превземе од веб страницата на Општина Неготино www.negotino.gov.mk.
Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на општина Неготино или по пошта на адреса : ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр.2, Неготино.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од веб страницата на општина Неготино.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојност на податоците и доставените докази за јавниот оглас.
Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.
Огласот ќе се објави во дневниот весник  ,,Нова Македонија”, ,,Слободен Печат” и дневниот весник ,, Koha”.
 Рокот за пријавување да биде 15(петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници. 

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА НА  ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
   
                
                                                                                 В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО”                                                                 
                                                                                              Звонко Кичуков