There are no translations available.
Република Северна Македонија ОПШТИНА НЕГОТИНО Бр.04-342/12 07.06.2021година
Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и (,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020)), Секретарот на општина Неготино во постапка за унапредување на административен службеник преку Интерен оглас , ја донесе следната
О Д Л У К А За избор на административен службеник по пат на интерен оглас
1.Интерниот оглас бр.02/2021 објавен на ден 21.05.2021 година за унапредување на административни службеници во општинската администрација на општина Неготино со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на работно место - Советник за водење и координирање на проекти со странски донации за ЛЕР во Одделението за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој, се избира административниот службеник Јасминка Дуровиќ. За работното место со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на работно место – Советник за утврдување и наплата на локални даноци и такси во Одделение за даноци , такси и надоместоци , Сектор за финансиски прашања се избира административниот службеник Ристе Ташев и за работното место со шифра: УПР 01 01 В02 000 и назив на работно место – Виш соработник за утврдување и наплата на локални даноци и такси во Одделение за даноци , такси и надоместоци , Сектор за финансиски прашања се избира административниот службеник Елена Јовановиќ.
2.По завршувањето на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за унапредување на избраните административни службеници.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето. О б р а з л о ж е н и е Агенцијата за администрација по барање на општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.02/2021 година на ден 21.05.2021 година за унапредување на административни службеници во општинската администрација на општина Неготино во Одделението за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој, со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на работно место – Советник за водење и координирање на проекти со странски донации за ЛЕР, шифра на работно место УПР 01 01 В01 000, во Одделение за даноци , такси и надоместоци, Сектор за финансиски прашања, со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на работно место - Советник за утврдување и наплата на локални даноци и таски и во Одделение за даноци , такси и надоместоци , Сектор за финансиски прашања, со шифра: УПР 01 01 В02 000 и назив на работно место - Виш соработник за утврдување и наплата на локални даноци и такси. Комисијата за селекција на административен службеник на ден 03.06.2021 година во 10:30 часот спроведе административна селекција по интерен оглас број 02/2021, при што се утврди дека уредно доставени документи за работното место - Советник за водење и координирање на проекти со странски донации за ЛЕР имаше доставено единствениот кандидат Јасминка Дуровиќ, за работното место - Советник за утврдување и наплата на локални даноци уредно доставени документи имаше доставено единствениот кандидат Ристе Ташев и за работното место - Виш соработник за утврдување и наплата на локални даноци и такси уредно доставени документи имаше доставено единствениот кандидат Елена Јовановиќ. Истиот ден во 11:00 часот се спроведе и интервју со кандидатите согласно Законот за административни службеници. По спроведеното интервју , Комисијата изготви финална ранг листа, врз основа на која Секретарот на општина Неготино изврши избор како во дипозитивот на оваа одлука.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право да поднесе жалба до Агенцијата за администрација Скопје во рок од 8(осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата на институцијата. Одлука
|