КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета ДУП за урбана единица 6, дел од блок 19, општина Неготино |
There are no translations available. Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета ДУП за урбана единица 6, дел од блок 19, општина Неготино Граници на опфатот сe: на северозападната страна е улица „Пекарев“, на исток улица „Јане Сандански“ и на југозападната страна е улица „Ацо Аџи Илов “. Опфатот е со површина од 1,17 ха. Повторната јавната анкета и јавната презентација по ДУП за урбана единица 6, дел од блок 19, општина Неготино, со технички број 03-230/16 од февруари, 2021 година, изработен од „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 26.02.2021 година до 04.03.2021 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.03.2021 година во 13.00 часот во просториите на општина Неготино. UZ_6_BLOK 19 |