С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за урбана единица 5 дел од блок 16, Општина Неготино (помеѓу улиците Браќа Миладиновци, „Ида Бенчиќ, 8 Ноември и „Владо Арсов Шпанац) PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

                               С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Детален урбанистички план за урбана единица 5  дел од блок 16, Општина Неготино (помеѓу улиците Браќа Миладиновци, „Ида Бенчиќ, 8 Ноември и „Владо Арсов Шпанац)


Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Владо Арсов Шпанац”, на југ улица Ида Бенчиќ”, на запад улица "Браќа Миладиновци" и на исток, улица ,,8 Ноември".
Опфатот е со површина  од  1,71 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Детален урбанистички план за урбана единица 5  дел од блок 16, Општина Неготино (помеѓу улиците Браќа Миладиновци, „Ида Бенчиќ, 8 Ноември и „Владо Арсов Шпанац), изработен од  ДООЕЛ „НИМАЕР“  -Струга  д.е. Скопје, со технички број 03-46/15 од  јануари 2021 година, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  03.02.2021 година  до 09.02.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 05.02.2021 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.