There are no translations available.
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за урбана единица 3, дел од блок 12, општина Неготино (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“ „Борис Кидрич“ и „ЈНА“) КО Неготино, Општина Неготино
Граници на опфатот сe: на север и запад по оската на улиците "ЈНА", на исток по осовината на улица „Борис Кидрич“ и на југ по оска на улица „Едвард Кардељ“. Опфатот е со површина од 1,33 ха. Јавната анкета и јавната презентација за Детален урбанистички план за урбана единица 3, дел од блок 12, општина Неготино (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“) КО Неготино, Општина Неготино со технички број 3716 од јануари 2021 година, е изработен од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 01.02.2021 година до 05.02.2021 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.02.2021 година во 13:00 часот во просториите на општина Неготино. ДУП за УЗ 3, дел од блок 12
|