Вонредната седница на Совет на општина Неготино 18.12.2020 година PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

                               Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  шеснаесеттата  вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата  на ден 18.12.2020 година ( петок ) во 12 часот . За седницата го предлагам следниот :

                               Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино
2.    Предлог- Решение за формирање Совет за социјална заштита за подрачјето на општина Неготино
3.    Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
4.    Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош


        Бр.08-636/1                                          Совет на општина Неготино
    15.12.2020 година                                          П р е т с е д а т е л,
                                                                             Диме Витанов