There are no translations available.
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежни парцели на КП 1383, 1384, 1372, 3845, 3847, 3851, 3852 и дел од 3853 КО Долни Дисан согласно Општ Акт за село Долни Дисан, Oпштина Неготино
Граници на опфатот сe: од северната страна граничи со катастарски парцели кои претставуваат градежно неизградено земјиште, од источната со регинолен пат Р29173, додека од западната и јужната страна граничи со улици кои се дефинирани со општиот акт за село Долни Дисан. Пристап во парцелите е обезбеден од западната страна. Опфатот е со површина од 4,05 ха. Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежни парцели на КП 1383, 1384, 1372, 3845, 3847, 3851, 3852 и дел од 3853 КО Долни Дисан согласно Општ Акт за село Долни Дисан, Oпштина Неготино, со технички број 04-191/2019 од октомври 2020 година, изработен од „ПАРАМЕТАР“ ДООЕЛ, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 10.11.2020 година до 16.11.2020 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 12.11.2020 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета и Јавната презентација ќе се одржи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета. АУП Долни Дисан
|