Информативни денови во општина Неготино во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина “ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина ( Wa mbrella ),  денес во општина Неготино се одржа првиот од двата предвидени информативни денови на тема „ Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на водоснабдувањето “.
Свои излагања имаа одговорните лица на проектот, Дени Трајков проектен менаџер од Општина Неготино кој даде пресек на проектните активности кои се спроведени во рамки на проектот, а експертот за биодиверзитет и води Ѓоко Зороски  даде осврт на заштитата на биодиверзитетот и човековото влијание врз водоснабдувањето со акцент на одржливиот развој и заштеда на водата.
На вториот инфо ден ќе биде даден  преглед на расположливите водни ресурси во државата, еднаквиот пристап до вода за пиење и преглед на состојбата на системот за водоснабдување во Неготино.
Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,, IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е Партнер 2, Партнер 3 е Општинското претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4 е ЈП „ Комуналец “, Неготино.
 
         
 

Финансиски индикатор