There are no translations available.
ПОКАНА за учество на информативни денови за граѓаните - Општина Неготино
Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на двата информативни денови наменети за граѓаните на тема „Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на водоснабдување“ кои ќе се одржат на 8ми и 9ти октомври 2020, со почеток во 11:00 ч. во хотел Памела, општина Неготино. Регистрацијата на учесниците ќе започне во 10:30 ч.
Првиот инфо ден ќе биде отворен од страна на Градоначалникот на општината г – н Тони Делков, додека одговорното лице на проектот ќе даде пресек на проектните активности. Понатаму, експертот за биодиверзитет и води ќе даде осврт на заштитата на биодиверзитетот и човековото влијание врз водоснабдувањето со акцент на одржливиот развој и заштеда на водата. Вториот инфо ден ќе даде преглед на расположивите водни ресурси во државата, еднаквиот пристап до вода за пиење и преглед на состојбата на системот за водоснабдување во Неготино.
Со цел подобра организација Ве молиме потврдете го Вашето присуство на 078-344-904 или на
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
најдоцна до 14:00 часот на 06 октомври 2020 година.
Информативните денови се одржуваат во рамките на проектот ,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella). Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е Партнер 2, Партнер 3 е Општинското Претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4 е ЈП ,,Комуналец“, Неготино.
Со надеж дека ќе ја прифатите нашата покана и ќе присуствувате на информативните денови, останувам со почит, АГЕНДА
|