КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеУвид на градежните активности во рамки на потпроектот „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ |
![]() |
![]() |
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, заедно со раководителот на сектор за соработка на делегацијата на Европската Унија Никола Бертолини ,претставници на Владата на РСМ , Мила Царовска ,Трајан Димковски , директорот на ПЛРК Антонија Шишак, денес направија увид на градежните активности кои се спроведуваат во општината, а се во рамки на потпроектот – „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ и финансирани преку Проектот за развој на локалната и регионалната конкурентност ( ПЛРК ). ПЛРК е финансиран со грант од Инструментот за претпристапна помош 2 на ЕУ ( ИПА 2) и ко-финансиран од Владата на Република Северна Македонија, а се администрира од страна на Светска банка. Овој проект спаѓа во категоријата на мали проекти каде се предвидени следните активности: партерно уредување на патеки во постоен пчелен парк во с. Вешје, реконструкција и адаптација на старата училишна зграда во современ Апи центар во с. Вешје, уредување на постојни жардиниери во нови модерни, набавка и поставување на урбана опрема 30 клупи, 30 корпи за отпадоци и 40 контејнери и едукација со флаери за класификација и селекција на отпад, надградба на постоечкиот мултифункционален туристички објект Желкова куќа во централно градско подрачје преку набавка, уредување и опремување „ Винска архива “ во подрумскиот дел од објектот Желкова куќа, надградба, надополнување на централно градско подрачје преку набавка и поставување на саемска и манифестациска опрема односно 3 куќички, 2 тенди, 100 монтажни столици и реконструкција на постоечка бина, поставување и одржување на Инфо тач постојка, обележување и сигнализација со поставување на 2 информативни табли и 20 патокази и поставување и изработка на конструкција за садење на лози. Со комплетната реализација на проектот се предвидува разубавување и овозможување на поголема функционалност на делови од градот, нови туристички атракции и поставување на автентични обележја, односно општина во која туризмот ќе има голем придонес во локалниот економски развој. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |