 Отпочнати се градежни активности за комплетна реконструкција и адаптација на старата училишна зграда и партерно уредување на дворот во село Вешје. Планирано е објектот да прерасне во современ едукативен и туристички т.н. АПИ центар за развој на пчеларството. Со ова ќе се збогати туристичката понуда на општина Неготино преку едукативни АПИ и рекреативни активности и ќе се овозможи промоција на локалните производи. Реконструкцијата е во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност ( ПЛРК ) – пот проект Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината.
|