С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


                                                       С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог -ДУП за урбана заедница 4 дел од урбан блок 4.2 (помеѓу улиците ,,Маршал Тито", ,,Ѓорѓи Димитров Вешката", ,,Киро Крстев", ,,Едвард Кардељ", ,,Борис Кидрич" и ,,ЈНА"), општина Неготино


Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Маршал Тито”, на запад улица ,,Борис Кидрич" и ,,ЈНА", на југ, улица ,,Едвард Кардељ" и ,,Киро Крстев" и на исток ,,Ѓорѓи Димитров Вешката" и крак на улица ,, Маршал Тито”.
Опфатот е со површина  од  4,8 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог-ДУП за урбана заедница 4 дел од урбан блок 4.2 (помеѓу улиците ,,Маршал Тито", ,,Ѓорѓи Димитров Вешката", ,,Киро Крстев", ,,Едвард Кардељ", ,,Борис Кидрич" и ,,ЈНА"), општина Неготино, со технички број  55/18 од  март  2019 година , изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“  дооел Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  21.03.2019 година  до 03.04.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 22.03.2019 година  во  09:00 часот во просториите на општина Неготино.