Верски Објекти PDF Печати

Манастир Св.Ѓорѓија

Манастирот Св. Ѓорѓија е изграден од населението на градот Неготино во 1860 год. во месноста наречена Црквиште. Се простира на десната страна на реката Вардар, во близина на автопатот и железничката пруга што ги поврзува Скопје и Солун. Делови од манастирот се проширени и обновени, но оригиналноста на овој историски и религиозен споменик е сеуште сочувана.

 

 

Манастирот Св Ѓорѓија” својот празник го слави за време на верскиот празник Мала Богородица (21 септември), а прославата ја започнува на 20 септември со познатата Манастирска вечер”. Таа е посетена од многу верници и гости. Исто така манастирот празнува и на 6 мај, на празникот Ѓурѓовден. Во последните неколку години со поддршка на локалната самоуправа на општина Неготино и локални донатори изградена е нова камбанерија, потпорен ѕид и направени се неголку други зафати со цел за обновување и разубавување на манастирскиот комплекс.

Конаците на манастирот Св.Ѓорѓија се изградени во 19 век. Истите се целосно реновирани со запазување на старата архитектура. Конаците располагаат со солиден капацитет за сместување на посетители.

 

 

 

Источната страна претставува лице на објектот. Таа е свртена кон црквата и се наоѓа на издигнато плато од каде што се открива прекрасен поглед на црквата и реката Вардар со околната природа. Конаците можат да бидат искористени како за сместување на туристи во реновираните простории, така и за преноќиште на верници. Исто така во конаците има можност за одржување на различни собири на научни работници, уметници, одржување на колонии, итн.

 

Црква Св. Атанасиј

Црквата Св. Атанасиј се наоѓа во близина на централното градско подрачје, а е изградена во првата половина на 19 век, во 1837 година.

 

 

За време на Втората светска војна, од страна на  бугарскиот окупатор живописот е  премачкан со вар и врз него е направен нов живопис со многу слаб квалитет. Целта на ваквиот потег на окупаторот е асимилација на месното население од Неготино.

Црквата Св. Атанасиј  е класична црква за 19 век. Патрон празник е 31 јануари по новиот или 18 јануари по Јулијанскиот календар.

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

Министерство за култура

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 9 гости присутни