КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеПремиерот на РМ Зоран Заев на прославата на Св.Трифун во Неготино |
There are no translations available. Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и советничката за земјоделски политики Ленче Николовска присуствува во Неготино на централната манифестација од Неделата на виното која во нашиот град се одржа по повод традиционалното одбележување на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. Меѓу присутните гости беше и Неговата Екселенција амбасадорот на Франција во Македонија Кристиан Тимоние, делегации од збратимените градови Попово и Наѓката, пратеници во Парламентот, градоначалници и други гости кои го исполнија градскиот плоштад и го следеа настанот. Премиерот Заев најпрво оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а веднаш потоа сите присутни се упатија на плоштадот каде што ги посетија поставените штандови, разговараа со граѓаните и дадоа изјава за медиумите. Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Делков истакна дека оваа година беше понуден нов концепт, нови содржини и настани и подобра понуда и услуги водејќи се од визијата Свети Трифун-Неготино да биде вински фестивал вреден за почит, придружен со добра забава за сите генерации и со префинет вкус на традицијата. Неготино, потенцираше Делков, тоа го заслужува бидејќи има одлична местоположба и токму овде се произведуваат најдобрите вина од најдобрите винарии, а тенденција е овој настан да добие комерцијална и додадена вредност и да стане препознатлива стопанско-туристичка манифестација. Свештено лице од МПЦ „Свети Атанасиј“ го изврши обредот на осветување, по што следеше и чинот на симболично закројување на импровизираната лоза. Присутните на плоштадот имаа можност да уживаат во богата културно-уметничка програма со настап на фолклорни друштва и познати имиња од македонската естрада.
|