Во моментов на дел од градскиот плоштад во нашиот град се изведуваат активности за санација на оштетувањата на коцките и транвентин плочките. Имено, предходно работници на ЈП„Комуналец“ извршија обжилување на дел од дрвјата на плоштадот со што се елиминира можноста и се спречува оштетувањето на коцките. По завршените подготвителни работи, работници на „Павер трејд“ ќе извршат замена на коцките околу дрвјата и 2-те чешми на плоштадот, како и промена на оштетените травентин плочки на делови од градскиот плоштад. 
|
Повеќе...
|
|
Во петок, на 30ти март, во организација на Општина Неготино и воспитно-образовните установи од градот ќе се одржи традиционалниот градски маскенбал, во чии рамки ќе биде организирано маскенбалско дефиле и забвна програма на бината на градскиот плоштад со музичко-забавни изведби на децата и учениците од двете основни и средното училиште “Св.Кирил и Методиј”. Во рамките манифестацијата “Маскенбал 2018” своите поединечни и групни маски ќе ги презентираат децата од клоновите “Мајски цвет” и “Пролет” при детската градинка “Фемо Кулаков”, учениците од основните училишта “Страшо Пинџур” и “Гоце Делчев” и средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј”. Манифестацијата ќе започне со маскенбалското дефиле кое ќе тргне од двете основни училишта “Гоце делчев” и “Страшо Пинџур” точно во 12.00 часот, а ќе се движи по улиците “Маршал Тито” и “Партизанска” и ќе пристигне на градскиот плоштад од двата правци, каде што од 12.30 часот ќе започне забавната програма во рамките на која децата и учениците од Неготино ќе се претстават со музички перформанси, хумористични точки и денс изведби. |
Повеќе...
|
Со засадување на 200 садници на 2 локации во градот денеска беше означено успешното завршување на проектот ЕНПОЛ-ЕЕ од програмата за прекугранична соработка Р. Грција-Р. Северна Македонија. На настанот претставници на општината и на Инвест дооел ги запознаа присутните со реализираните активности и резултатите од проектот Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативно фактор за политика на животната средина. Проектот со акроним Енпол-Ее беше реализиран во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ Св. Кирил и Методиј, општина Пела и општинското јавно претпријатие за култура и развој на општина Пела. Секој учесник на настанот од организаторите доби по една садница како подарок од проектот. |
Повеќе...
|
|
Општина Неготино ги распредели 8000 заштитни маски кои фирмата „ Зока Енерџи Солушн ДООЕЛ “ Неготино ги додели за заштита од ширењето на пандемијата со Ковид 19 во нашата општина . Имено беа донирани:
- 2000 заштитни маски на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино
- 2000 заштитни маски доделени на граѓаните на општина Неготино
- 1000 маски за локална самоуправа
- 1000 маски на ЈП „ Комуналец “ Неготино
- 500 маски на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
- 250 маски на Музеј на град Неготино
- 250 маски на Центар за социјални работи Неготино
- 250 маски на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
- 250 маски на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино
- 250 маски на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино
- 250 маски на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино

|
Повеќе...
|
Преку проект за развој на селата од Програмата за рамномерен регионален развој, во селото Тремник се уредува паркова површина. Станува збор за набавка и поставување на нова урбана опрема, детски реквизити и изведба на патеки во паркова површина. Со завршувањето на градежните работи најмладите жители на Тремник, и не само тие, ќе бодијат пријатно катче за одмор и релаксација.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Лист 1 од 377 |