Со положување свежо цвеќе на спомен бистата на загинатиот полицаец Косте Волканоски и со оддавање почит на сите припадници на полицијата кои ги изгубиле своите животи, во кругот на Полициската станица Неготино беше одбележан Денот на македонската полиција. На настанот присуствуваше делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков кој на полицајците им го честиташе празникот 7-ми Мај кој се слави од 1993 година посакувајќи им успешна работа на сите полиња на дејствување. Инаку, годинава 7- Мај се прославува под мотото ,,Полицијата за граѓаните". |
Повеќе...
|
|
Од 4 до 6 мај во нашиот град се одржа седмото по ред отворено првенство во шах “Неготино Опен 2018”. На првенството учество зедоа преку 20 учесници кои за три дена одиграа вкупно 7 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство е шахистот Илија Ѓорѓиев за кој ова е втор триумф на првенствата по 2013 година кога исто така беше победник. Тој во седумте одиграни партии освои вкупно 6,5 поени и ја освои првата награда во вредност од 5.000 денари. Второто место на турнирот и втората награда во висина од 4.000 денари му припадна на Санде Атанасов, а третопласиран е Милорад Давидовиќ. Награди во висина од 1.000 денари добија и најдобро пласираниот млад шахист (под 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) кои учествуваа на турнирот. Наградите ги обезбеди Општина Неготино, а првенството беше организирано во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”. |
Повеќе...
|
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, вработени во локалната администрација со асистенција на ЈП„Комуналец“ денеска спроведоа заедничка акција за отстранување на сметот и разубавување на градот во кој сите граѓани поминуваат најголем дел од своето време. Со работна рака и со помош на механизација од страна на учесниците во акцијата комплетно беше исчистен потегот на булеварот „Маршал Тито“ од двете страни од Полициската станица до надвозникот и просторот на влезот и излезот во и од Неготино, делот околу Спортско рекреативниот центар „Младост“, градскиот кеј, потегот кај бензинската станица и други локации. Градоначалникот Делков истакна дека ваквите акции му се потребни на Неготино и треба да се одржуваат почесто, со единствена цел да го разубавиме нашиот град во кој живееме и дејствуваме и да се избориме за почиста животна средина за сегашните и идните генерации граѓани на општината. Делков додаде дека локалната самоупорава е во секој момент подготвена не само да се вклучи во ваквите и слични акции за расчистување на градот, туку и да даде секаков вид поддршка за сите заинтересирани кои сакаат да дадат сопствен придонес за создавање услови за здрав живот на сите граѓани, како еден од најважните приоритети во дејствувањето на локалната самоуправа. |
Повеќе...
|
Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино” до недела (4 – 6 мај) во нашиот град се одржува седмото по ред отворено првенство во шах. На првенството се пријавени преку 20 шахисти кои според правилата на ФИДЕ, по швајцарски систем ќе одиграат вкупно 7 кола. Предвидено е да се игра темпо од 25 минути, без дополнителни секунди по потег. Градското првенство за отворено го прогласија градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и претседателот на ШК Неготино Трајко Недев кои на сите учесници им посакаа успешен настап, истакнувајќи дека заеднички ќе работат на создавање услови за развој на шахот во нашиот град и привлекување на што е можно поголем број млади шахисти и пројавување интерес од нивна страна за оваа древна игра.. Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино ќе биде шахистот кој од одиграните седум кола ќе освои најмногу поени. При делба на место, односно во случај на шахисти со ист број освоени поени се применува критериум “бухолц”. Првата награда е во вредност од 5.000 денари. Покрај останатите, предвидени се и награди за најдобро пласираниот млад учесник (под 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) кои учествуваат на турнирот. Дипломите и наградите на најдобрите шахисти од нашиот град на ова првенство ќе им ги додели покровителот на овој настан - градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Тони Делков. |
Повеќе...
|
Денеска се одбележуваат 115 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев кој на денешен ден во 1903 година бил убиен од турската војска во селото Баница, а во тие рамки денеска беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште “Гоце Делчев“ од Неготино. Активностите започнаа со одржување на спортски игри и со полагање на свежо цвеќе на спомен бистата на патронот која е лоцирана во училишниот двор, по што програмата продолжи во просториите на училиштето. На настанот беа присутни и истиот го проследија голем број гости меѓу кои сегашни и поранешни наставници и раководители, делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков, носители на јавни функции, претставници на бизнис секторот и други присутни кои имаа пријатна можност да ја проследат празничната програма подготвена од страна на учениците и нивните наставници. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник беа доделени дипломи и пофалници, а пред присутните беа прочитани наградените литературни творби по предходно распишаниот конкурс. Инаку, празнувањето започна синоќа во кино-салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ со одржување пригодна програма во чии рамки свое обраќање пред гостите имаше директорот на оваа образовна установа Петар Мантев. |
Повеќе...
|
Министерот без ресор Аксел Ахмедовски денеска беше во работна посета на Неготино, оствари средба со неготинскиот градоначалник Тони Делков. Рече дека како министер во Владата, надлежен за спроведување на Стратегијата за Ромите 2014-2020 година, ги посетува општините во кои има ромско население. Ова ни беше прва средба со градоначалникот на Неготино. Разговаравме околу надлежностите, помошта која може да ја добијат околу проекти за инфраструктурни објекти кои се однесуваат на населени места во кои живее ромско население. Разговараме и околу вработувања на лица од ромска националност во општината и други институции, мислам дека Неготино ќе добие референт за ромски прашања, како некои други општини, нагласи Ахмедовски, најавувајќи локален акциски план, кој е основа за соработката со општината. И министерот и градоначалникот изразија задоволство од првичната средба и нагласија дека соработката ќе продолжи, во интерес на сите. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Следно > Крај >>
|
Лист 165 од 314 |