Драги матуранти ! „Ми претставува огромна чест и задоволство на сите матуранти од општина Неготино да им го честитам матурирањето и влегувањето во светот на возрасните. Вие, почитувани матуранти, кои сте млади луѓе полни со позитивна енергија, располагате со се што е потребно да зачекорите кон нови почетоци и предизвици кои ве очекуваат во наредниот период. Убеден сум и се надевам дека најголемиот дел од Вас ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи во Република Македонија и на тој начин ќе создадете услови за надградбата на Вашите знаења кои несомнено ќе Ви бидат од голема корист при реализирањето на Вашите идни работни и животни кариери. Вечерва, ќе го прославите завршувањето на една значајна развојна фаза од Вашиот живот на која секогаш ќе се сеќавате, и како и ние повозрасните, така и Вие средношколските денови и матурирањето ќе ги паметите целиот живот. На сите матуранти од неготинското средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Ви го честитам матурирањето, Ви посакувам многу здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план“.
|
|
Со изведување на градежни работи, започна уредувањето на јавна површина во централното подрачје во Пепелиште непосредно до споменикот на паднатите борци во НОБ со изведба на влезна патека до одморалиштето и пристапна патека до песочник каде ќе биде поставена урбана опрема за потребите на населението. Градежните работи опфаќаат одбележување на локацијата за градење со соодветна сигнализација, машински ископ на земја, подготовка и набивање на тлото, по што следува набавка, насипување и планирање на тампон под целата градежна површина на просторот кој е предмет на уредување. Како што информира градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во натамошниот дел од работите ќе се пристапи кон монтажа на бехатон плочки на целиот простор со дебелина од 6 сантиметри под патеките и одморалиштето околу споменикот, како и монтажа на парковски рабници по целата обиколка на површината на градење. Градоначалникот Делков додава дека по завршувањето на работите жителите на Пепелиште на располагање ќе добијат пријатно катче за одмор, релаксација и поминување на дел од слободното време, а проектот се реализира со средства од Буџетот на општина Неготино. |
Повеќе...
|
„За разлика од предходната учебна година, а врз основа на анализите направени од страна на стручните служби во училиштето, годинава очекуваме бројот на запишани првачиња да биде за најмалку 30 ученици повеќе во однос на лани“-истакнува директорот на оваа образовна установа Петар Мантев. Според него, лани во прво одделение се запишале 81 ученик, а оваа година се очекува бројот на запишани првачиња да се движи од 120 до 130. Тие, согласно програмата за работа на училиштето ќе бидат распоредени во 3 паралелки во централното и по 1 паралелка во подрачните училишта во Д.Дисан, Тимјаник и Тремник. Директорот Мантев потенцира дека со цел запознавање на идните првачиња со условите за настава, во соработка со градинката Фемо Кулаков организиран е прием на околу 60 потенцијални идни првачиња кои имаа можност да го разгледаат училиштето, да се запознаат со идните наставници и условите за одвивање на наставата, а досегашните ученици од прво и од трето одделение за нив подготвија и изведоа пригодна програма во знак на добредојде во училиштето. Колку за потстетување, запишувањето на првачињата започна на 1-ви мај и ќе трае до 31-ви овој месец, а сите потребни информации заинтересираните можат да ги добијат во просториите на училиштето. |
Повеќе...
|
Паралелно со реконструкцијата на тротоарот на левата страна од улицата „Борис Кидрич“ во близина на Музејот на град Неготино, се одвиваат и градежни работи за за реконструкција на тротоарот на потегот кај црквата „Свети Атанасиј“ во нашиот град. Градежните работи опфаќаат одбележување на тротоарот, кршење на бетонот на неколку сегменти, машински ископ на земја, набивање на тлото, набавка, транспорт и планирање на тампон под тротоарот и друго. По оваа фаза од работите следува поставување на бехатон плочки од 6 см. и монтажа на парковски бетонски рабници на еден сегмент каде дворното место од страна на улицата не е оградено. Тротоарот кој се реконструира е во должина од 150 метри, односно на површина од 230 метри квадратни и со неговото завршување овој доста фреквентен потег од десната страна на ул„Партизанска“ од спојот на ул „Цандо Кожинков“ до спојот со ул „4-ти Јули ќе стане пофункционален и ќе добие сосема нов лик. Средствата за реализацијата на проектот се обезбедени од Буџетот на општина Неготино. |
Повеќе...
|
Како секоја година, така и оваа, во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од Неготино и со поддршка од локалната самоуправа и училиштата од општината, се одржаа сообраќајно воспитните манифестации „ Детски семафор “ и „Сообраќајно техничка култура на младите“. Натпреварот се одржа на 09.05 (среда) со почеток од 09:00 часот во ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино, на кои учествуваа двете основни училишта од општината ООУ,,Страшо Пинџур“ и ООУ„ Гоце Делчев“, подрачното ОУ„Гоце Делчев“ од с.Долни Дисан и СОУ„Св. Кирил и Методиј“ од Неготино. Учествуваа 18 ученици од основните училишта, и 6 ученици од средното училиште. Екипно најдобри резултати постигнаа учениците од ОУ„ Гоце Делчев“- с.Долни Дисан кои се пласираа за учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Кавадарци. |
Повеќе...
|
Согласно годишната програма за комунални работи и сообраќај на општина Неготино започнаа градежни работи за реконструкција на тротоари на повеќе локации во градот. Во моментов на терен се работи на реконструкција на тротоарот од левата страна на ул„ Борис Кидрич“ од спојот со ул„Маршал Тито“ до спојот со ул„Јна“ во должина од 150 метри или како што информираат стручните служби опфатена е површина од 230 м2. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков најпрво се изврши отстранување на постоечкиот бетон и рабници, по што ќе се пристапи кон поставување на бехатон коцки и нови бетонски рабници, со што по завршувањето на работите овој тротоар ќе добие сосема нов и модерен лик. Градоначалникот Делков додава дека следна локација на која ќе се работи ќе биде потегот кај црквата „Св.Атанасиј“ од десната страна на ул„Партизанска“, поточно од спојот на истата со ул„Цандо Кожинков“ се до спојот со ул „4 Јули“ каде што ќе се гради комплетно нов троатоа во должина од 150 метри. Средствата за изведување на работите се обезбедени од Буџетот на општина Неготино. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Следно > Крај >>
|
Лист 164 од 314 |