Претседателот Диме Витанов врз основа на Законот за локална самоуправа за денеска, вторник 10 јули, го закажа одржувањето на 14-тата седница на Советот на општина Неготино на чиј дневен ред за расправа се предвидени 5 точки. Советниците најнапред ќе се произнесат по предлог-правилникот за условите и начинот на вршење авто –такси превоз на патници, предлог-одлуката за спроведување на постапките за јавна набавка на екстра лесно гориво и превоз на учениците во основните и средното училиште во општината, како и предлог-заклучокот за усвојување на годишниот план за работа на неготинското основно музичко училиште. Како последна точка од дневниот ред се советничките прашања. |
|
По извршеното прскање против комарци, а согласно годишната Програма за комунални дејности на општина Неготино, во вторник и среда на 10 и 11 јули на територијата на неготинска општина ќе се изврши дератизација. Во акцијата ќе бидат вклучени вработени во локалната самоуправа и ЈП Комуналец, стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци и работници на изведувачот на работите Зотокс од Скопје. Со дератизацијата е планирано да бидат опфатени околу 1.000 шахти со употреба на 200 килограми парафински блок и тоа со метод на фронтално поставување и поставување на висечки и статички парафински блокови. Средствата за спроведување на оваа активност се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
|
Во рамките на ветеното отчетно и транспарентно работење и навремено информирање на граѓаните, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска одржа редовна прес-конференција на која говореше за тековните активности на локалната самоуправа, а даде и свое видување на наводите изнесени на последниот прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ Неготино. View on YouTube |
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во својот кабинет го прими и се задржа во краток разговор со младиот и надежен неготински каратист Алек Ѓорѓиев кој на последниот меѓународен натпревар во традиционално карате во Грција освои златен и сребрен медал во исклучително силна конуренција. Имено, во категоријата „борби“ младиот Ѓорѓиев освои златен, а во категоријата „кати“ сребрен медал. Каратистот Алек беше во придружба на својот родител Ристе и тренерот на карате клубот „Антигона 2“ од Неготино Ристо Сакалиев кои ја искористија можноста да го информираат градоначалникот Делков за условите во кои работи клубот кој постои од 1993 година и во кој членуваат 10-тина каратисти, за остварените резултати на натпреварувањата на кои учествувале, како и плановите за иднина со посебен акцент на учеството на престојното Европско првенство во традиционално карате што ќе се одржи во Белград. Градоначалникот Делков истакна дека во рамките на расположливите финансиски можности на општина Неготино ќе биде помогнато учеството на клубот на ова еминентно натпреварување, но и други настапи на неготинските каратисти. Делков потенцираше дека за наредната година се планира поголема ставка во Буџетот на ОН за финансирање на спортот и спортските активности, а ќе биде донесен и правилник за наградување на спортистите од општината кои ќе освојуваат први, втори и трети места на државни и меѓународни натпреварувања. |
Повеќе...
|
Археолошките ископувања од меѓународниот проект за археолошки истражувања започнат 2009 година, на локалитетот "Градиште- Антигонеа"- Неготино, започнаа од 18.06.2018 г., се во тек и ќе траат до 15.07.2018 година. Ископувањата се реализираат од страна на НУ Археолошки Музеј на Македонија во соработка со Општинската установа Музеј На Град Неготино, Универзитетот Гдањск од Полска (University of Gdansk, Poland), каде што раководители на истражувањата се: Перо Арџанлиев, м-р по археологија од НУ Археолошки Музеј на Македонија и Николас Секунда, проф.д-р по медитеранска археологија од Универзитетот Гдањск од Гдањск, Полска (prof.dr hab Nicholas Sekunda), членови на стручниот тим на истражувањата се: Мила Шурбановска, археолог кустос советник од НУ Археолошки Музеј на Македонија, Роберт Поповски, д-р по археологија, кустос советник од НУ Археолошки Музеј на Македонија, Костадинка Филипова, археолог кустос од ОУ Музеј на град Неготино, Елена Каранфиловска, археолог кустос од НУ Археолошки Музеј на Македонија и студенти од Универзитетот Гдањск од Полска! Археолошкиот локалитет "Градиште-Антигонеа" се претпоставува дека постоел од VIII век п.н.е., па се до доцноримскиот период, односно 3 век од наша ера. Од досегашните археолошки истражувања на овој локалитет се пронајдени голем број на археолошки наоди, претежно од керамика, метал и стакло кои што се наоѓаат во изложбените витрини и во депото на Општинската установа Музеј на град Неготино-Неготино. Станува збор за керамички садови од кои поголемиот број може да се реконструираат. Поголемиот дел од керамиката е локална изработка, а еден дел е импортиран од Мегара. Во горните слоеви има големо количество на фрагментирана римска керамика (terra sigillata), од кој еден дел е со локално потекло а друг дел е импорт, теракотни фигурини со претстави на Кибела, хеленистичка локална и импортирана керамика и кујнска керамика, потоа метален накит, орудија и оружје, стаклени предмети и др. На локалитетот при истражувањата се пронајдени и монети од римскиот период од кои дел се конзервирани и заштитени. Во секој случај локалитетот "Градиште-Антигонеа" -Неготино, претставува комплексен археолошки локалитет кој поради сложеноста, допрва треба да се истражува! |
Повеќе...
|
„Би сакал да потенцирам дека ја имате мојата целосна поддршка за спроведување на овој проект, прво како човек и родител, а потоа и како градоначалник, бидејќи Вашата цел е навистина хумана-да ги информирате и стимулирате граѓаните кои сакаат да згрижат едно од 200 деца во Македонија кои чекаат да добијат свое семејство“-истакна градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во рамките на претставувањето на проектот „На секое дете му треба семејство“ што во организација на Министерството за труд и социјална политика и Уницеф се одржа во нашиот град. Делков додаде дека целта на кампањата покрај обезбедувањето нови згрижувачки семејства е и паралелно да се подигнува свеста на јавноста дека секое дете има право да расте опкружено со неопходната грижа, нега и поддршка, бидејќи има голема разлика меѓу престој во семеен дом и во голема институција. На настанот беа претставени и условите за семејствата кои сакаат да згрижат деца со напомена дека семејството може да се грижи за детето до негова 18-годишна возраст, колку што дозволува законот за згрижувачки семејства. Претставникот на Уницеф Бенџамин Перкс и претставниците на МТСП потенцираа дека преку оваа кампања сакаат да допрат до секое семејство кое има искрена желба и мотивација да пружат грижа на дете на кое истата му е потребна, како што се децата без родители и родителска грижа, деца со попреченост, бебиња, деца жртви на насилство,а притоа ниту едно дете да не остане сместено во голема институција. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Следно > Крај >>
|
Лист 158 од 314 |