Деновиве во дворот на Општинската Установа Музеј на град Неготино, се отвори изложбата “ГОЛЕМОТО СИНО“ или “ФОРТИФИКАЦИЈА НА СИНО“ на младата уметница Валентина Илијевска. Оваа самостојна изложба на минијатури е продолжение на приказната започната во 2013-та година со мини-артури. Минијатурите се поставени како бедемски страни кои го штитат дводимензионалниот досега син квадрат кој провејува низ целокупното творештво на Валентина. Сега, овој квадрат е поставен тродимензионално, оправдувајќи го постоењето покрај со метафизичкиот свет, сега и со својата објективност. Изложбата содржи 28 минијатури поставени на седум постаменти кои ги симболизираат седумте светски чуда. Станува збор за корпус од дела поставени на седум пункта, тематски и стилски поврзани со еден концепт којшто во себе вклучува цртеж, објект и просторна интервенција. |
Повеќе...
|
Летниот период кога и бројот на дечињата кои престојуваат во градинката е намален, раководниот тим и вработените го користат за изведување зафати во двата клона со единствена цел за подобрување на севкупните услови за престој и подобрување на условите за работа на вработениот персонал. Како што информираше директорката Јана Коцева, во моментов се одвиваат работи и во двата клона „Мајски цвет“ и „Пролет“, а активностите предвидено е да продолжат и во наредниот период. Меѓу другото, во објектот „Пролет“ во 3 занимални во јаслениот дел извршено е лакирање и обелување, заменети се сите чешми, зафати се изведуваат во тоалетите, ходниците, скалниците, стругање и менување на врати и друго. Во клонот „Мајски цвет“ во тек е менувањето на шкафовите во сите занимални со набавка на нови, а планирани се зафати и на рамниот покрив на објектот „Пролет“, набавка на машини за садови за потребите на двата објекта, набавка на нова опрема ( бироа и столици ) за потребите на воспитниот и стручниот кадар, како и многу други активности со кои ќе се придонесе за подобрување на условите за престој на дечињата и извршување на работните активности на вработените. |
Повеќе...
|
Летниот период е иделен за археолошки ископувања и за посети на локалитети, посебно за љубителите на археологијата. Општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со НУ Археолошки Музеј на Македонија ги започна археолошките ископувања на локалитетот “Мали Дол“ во с.Тремник, општина Неготино. Стручната екипа е во состав: д-р Александра Папазовска, виш кустос за железно време од НУ Археолошки Музеј на Македонија, воедно и стручен раководител на истражувањата, д-р Фаница Велјановска, антрополог, кустос-советник во НУ Археолошки Музеј на Македонија, Александра Чевревска, археолог-кустос во НУ Археолошки Музеј на Македонија и Костадинка Филипова, археолог-кустос во ОУ Музеј на град Неготино. Ископувањата спроведени во рамки на истражувачкиот проект Археолошки истражувања на Мали Дол, с.Тремник во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес како резултат на соработката помеѓу Археолошки Музеј на Македонија и ОУ Музеј на град Неготино. Во рамки на овие археолошки ископувања откриени се вкупно 77 погребувања, пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи). Првата (постарата) е составена од погребувања кои датираат од доцното бронзено време (крајот на XII век п.н.е.) и преодниот период од бронза во железно време (XI – X век п.н.е.), а втората е претставена со погребувања од средниот век (XI – XIII век н.е.). Оваа приказна е преточена во Археолошка Изложба “Некрополите на Мали Дол“, с.Тремник, Неготино финансирана од страна на Министерството за култура на Р.Македонија според програмата за проекти од национално значење, која е најавена да се случи во септември 2018 година во Изложбениот салон на Општинската Установа Музеј на град Неготино. |
Повеќе...
|
На задоволство на месното население, а посебно на најмладите, деновиве во функција е ставен новиот детски забавен парк во Пепелиште кој е изграден со средства од Буџетот на општина Неготино и со несебична поддршка во работна рака од локалните жители. Притоа, поставени се бетонски рабници околу целиот парк, реконструирана е водоводната и нанализационата мрежа под објектот, нанесена е комплетно нова земјена подлога соодветна за вакви објекти и поставен е песочник под реквизитите за поголема безбедност на присутните, изработени се патеки од бекатон коцки и фигури од камења, посадена е трева, цвеќе и 15 дрвца. Исто така, поставена е и урбана опрема и тоа 4 клупи за седење и 3 канти за отпадоци, 4 нови детски реквизити кои претставуваат магнет за најмладите жители на Пепелиште, или накратко новиот детски забавен парк во Пепелиште ги содржи сите потребни елементи. Со неговото ставање во функција, локалните жители од сите возрасти на располагање добија пријатно катче за одмор и релаксација каде што поминуваат дел ос лободното време, новиот детски забавен парк е масовно посетуван, а за користење на реквизитите буквално се чека на ред. Средствата за реализацијата на овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а како што спомнавме во неговото подигнување учество зедоа и локалните жители. |
Повеќе...
|
Неколку лица со попреченост кои досега престојуваа во Специјалниот завод во Демир Капија од денеска се сместени во отворениот мал групен дом во неготинското село Тимјаник, а во рамките на процесот на деинституционализација кој Министерството за труд и социјална политика го спроведува неколку години наназад. На отворањето на домот присуствуваа и свое обраќање имаа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставниците на Уницеф и на Обединетите нации во Република Македонија Бенџамин Перкс и Луиза Винтон, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, социјални работници, претставници на граѓански организации и други присутни. Како што беше истакнато на настанот, со овој проект за деинституционализација кој е поддржан од Уницеф, УНДП и Европската унија предвидено е во наредните 2 до 3 години преостанатите 216 штитеници во Специјалниот завод во Демир Капија да бидат преместени во мали групни домови лоцирани во општините ширум Македонија, а со единствена цел за нивна полесна ресоцијализација и вклученост во општеството. |
Повеќе...
|
|
|