Општина Неготино
Оглас за пријавување семејства- домаќини на волонтери PDF Печати

   И оваа година Мировен корпус има потреба од семејства-домаќини кои би сакале да прифатат волонтер/ка во периодот од 29.09.2018 до 08.12.2018. Заинтересираните семејства можат да пополнат формулар во општината во Неготино во канцеларијата за Локален економски развој на  3ти спрат, бр.26 или, пак, да се обратат кај лицето за односи со семејствата-домаќини Кристина Ангелевска од Мировен корпус на следната електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Брошура

Апликација

 
Ставен во функција новоизградениот ловечки дом во Неготино PDF Печати

   Во присуство на голем број ловци, активисти на друштвото, секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ и други заинтересирани граѓани денеска на пригодна свеченост во функција беше ставен новоизградениот ловечки дом во Неготино. Средствата за реализацијата на овој проект целосно се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а новиот дом на Ловечкото друштво „Вардар“ е со површина од над 90 метри квадратни и е лоциран во кругот на старата Гимназија. Како што информираа одговорните, новиот ловечки дом располага со 3 простории и истиот ќе им биде на располагање на над 200 ловци-членови на Ловечкото друштво „Вардар“. Овде тие ќе ги планираат и подготвуваат своите активносто согласно годишната програма за работа, ќе се организираат работилници од едукативен карактер или накратко новиот ловечки дом ќе биде сврталиште за сите ловци од општина Неготино, но и пошироко.

Повеќе...
 
Ј А В Е Н О Г Л А С до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа PDF Печати

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:

                                                                          Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С
                                                                                            до
                                                      евидентирани невработени лица за вклучување во
                                                             Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Продолжување на функционирањето на игралните во руралните средини и воведување на нови иновативни социјални услуги за деца со посебни потреби вклучени во образовниот процес”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Повеќе...
 
Реконструкцијата на улицата во Тремник еден од приоритетите на општина Неготино PDF Печати

   На последната одржана седница на Советот на општина Неготино на предлог на градоначалникот Тони Делков советниците донесоа одлука за утврдување приоритет за реконструкција на улица во селото Тремник. Имено, со оваа одлука се утврдува приоритет на проектот „Основен проект за реконструкција на дел од улицата во Тремник во должина од 1 километар“, а во врска со јавниот повик од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за доставување барања за користење на финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за тековнава година-Мерка 322-Обнова и развој на селата, инвестиции за изградба и (ли) реконструкција на улици во населени места во руралните средини, вклучително и атмосверска канализација и пешачки елементи во должина од 1.000 метри.

Повеќе...
 
Денеска (понеделник 30.07) седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

   Денеска со почеток од 12,00 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи редовната 15-та по ред седница на која на дневен ред ќе се најдат 17 точки за разгледување. Советниците ќе расправаат по предлог-програмата за располагање со градежното земјиште сопственост на РМ на подрачјето на нашата општина за тековнава година, за измените и дополнувањата на програмата за комунални дејности и иуредување на градежното земјиште, за измените и дополнувањата на програмата за поставување на урбана опрема, како и за одлуките за предавање во сопственост просторија на ловечкото друштво Вардар и за доделување просторија во ТИЦ Желкова куќа. Се очекува Советот да донесе одлуки за утврдување приоритети на проектите за реконструкција на улица во Тремник и ГорниДисан-Вешје, како и одлука за финансиски и нефинансиски придонес на општина Неготино за ко-финансирање на проектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“. На дневен ред ќе се најдат и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
Се чистат централните подрачја и улиците во Војшанци и Пепелиште PDF Печати

   Во пресрет на одбележувањето на верскиот празник Свети Пророк Илија-Илинден кој се слави како селска слава во Војшанци и Пепелиште, се изврши чистење и миење на централните подрачја и на дел од улиците во овие две населените места во општина Неготино. Активностите за чистење и миење ги изведоа работници на локалното јавно комунално претпријатие „Комуналец“ од Неготино кои интервенираа на локации каде што предходно беше утврдена потреба од такво нешто. Ова од причина што за време одбележувањето на овој верски празник, овие населени места и нивните жители кои имаат и празнуваат селска слава се посетувани од голем број гости, па токму затоа и беше извршено чистењето и миењето на централните подрачја и дел од улиците во Војшанци и Пепелиште.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Следно > Крај >>

Лист 155 од 314