Локалната самоуправа и оваа година подготви дводневна програма со која ќе биде одбележан празникот на општина Неготино 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на градот. Активностите ќе се одвиваат на 7-ми и 8-ми ноември (среда и четврток) на повеќе локации, а свечената седница на Советот на општината ќе се одржи во четврток со почеток од 12,30 часот во кино салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино. |
|
Неготинецот Сретен Давидов прогласен за најдобар млад научник кој работи во полето на електротехниката е добитник на највисоката општинска награда 8-ми Ноември која се доделува по пово празникот на општина Неготино. Одлуката ја донесоа советниците во Советот на општината, како и одлука за добитниците на признанија 8-ми Ноември. Добитници на признанија се:- постхумно Илија Ѓорѓиев-стопанственик, пратеник во Парламентот на РМ, потпретседател на општинското Собрание и истакнат и успешен спортски работник, Димитар Ѓорѓиев од областа на спортот, д-р Диме Трајковски од областа на здравството, Велика Димова-хуманист и Павлинка Вељановска-од областа на културата. На добитниците, наградата и признанијата ќе им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на свечената седница на Советот на пштината која ќе се одржи во четврток на 8-ми Ноември со почеток од 12,30 часот. |
Повеќе...
|
Во рамките на празнувањето на Денот на градот - 8ми Ноември, Општина Неготино по десети јубилеен пат ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2018”. Истиот ќе се одржи од 6 до 8 ноември во кафе барот “Стефани” во старата градска чаршија. Право на учество имаат сите граѓани на општина Неготино, а наградниот фонд за најдобрите учесници на овој турнир изнесува 15.000 денари. Бројот на учесници на турнирот е ограничен на 64, а пријавувањето за учество се врши на телефонскиот број 076/749-098 кај лицето Костадин Цветков. Турнирот ќе биде отворен на 6 ноември (вторник) во 17.00 часот кога ќе биде одиграно и првото коло од истиот. |
Повеќе...
|
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска изврши увид на работите на дел од проектите кои во овој период се реализираат на територијата на нашата општина. Придружуван од своите соработници, градоначалникот Делков ги следеше работите за санација на тротоарот на улица „Маршал Тито“, изврши увид на подготвителните работи за спроведување на проектот за подобрување на енергетската ефикасност преку замена на целото улично осветлување со поставување на нови штедливи светилки и зафати на општинската зграда и средното општинско училиште, а го посети и просторот на локацијата каде што инвеститор гради станбено-деловен комплекс на местото на зградата на ДТВ Партизан која неодамна беше срушена. Во рамките на увидот, градоначалникот се запозна и со текот на работите за поставување атмосверска канализација на ул „Браќа Миладинови“ со поставување цевки за одвод на уличните води на оваа улица, а престојуваше и во Тимјаник каде што во моментов се врши уредување на улица во должина од 400 метри со поставување на бехатон коцки.По одбележувањето на хоризонталната сигнализација, во тек е фарбање и одбележување на бетонските рабници на тротоарите. |
Повеќе...
|
Со средства во висина од 3.000.000 денари на улицата „Браќа Миладинови“ се врши поставување на атмосверска канализација со што се решава еден проблем со кој со соочуваат жителите кои живеат на оваа улица. Изведувач на работите е фирмата „Павер трејд дооел“ која го врши поставувањето на цевки за одвод на уличните води од оваа улица, а по завршувањето на градежните работите истата ќе биде вратена во првобитната состојба. Паралелно, се врши санација на тротоар од левата страна на ул,Маршал Тито“ на потегот од ул „Манчо Малиминов“ до експозитурата на Комерцијална банка на вкупна површина од 370 м2. Со санацијата се заменува постоечкиот дотраен бетонски слој и на негово место се поставуваат бехатон коцки. Изведувач на работите е „Градба промет“, а од локалната самоуправа се апелира до моторизираните граѓани да не ги паркираат своите возила и да не го користат овој простор додека трае изведувањето на работите. |
Повеќе...
|
Со почеток од 16.00 часот советниците во Советот на општина Неготино ќе ја одржат 18-тата седница на која на дневен ред ќе се најдат 24 точки за расправа. Меѓу другото, на дневен ред се предлот-одлуките за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности за оваа година, Програмата во областа на социјалната заштита, Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации, како и измените во Програмите за поставување урбана опрема на територијата на општина Неготино и поставување на рекламни паноа. Се очекува советниците да се произнесат и по предлог-заклучокот за усвојување одлука за измени и дполнувања на Буџетот на општина Неготино-втор ребаланс, по одлуката за утврдување на потреба од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација, се очекува да се донесе и одлука за распишување на конкурс за идејно решение за уредување на спортско-рекреативниот центар за УЗ 9 во нашиот град, како и одлука за прифаќање на физибилити студија за начинот и формата на управување и одржување на јавниот простор за паркирање на подрачјето на општината. На дневен ред ќе се најдат и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>
|
Лист 144 од 314 |