Со реализирање на повеќе проекти, подобрувањето на условите за одвивање на воспитно-образовниот процес се чувствува во двете основни и средното училиште, детската градинка и во други установи. Во ООУ„Гоце Делчев“ е ставена во функција новата летна училница, реконструирана е наставничката канцеларија и заменети се старите и поставени се нови прозорци во спортската сала. Во училиштето „Страшо Пинџур “ се работеше на подбрување на енергетската ефикасност, во двата клона на детската градинка „Фемо Кулаков“ се подобрија условите за престој на дечињата и за работа на персоналот,локалната библиотека набави најсовремен 3Д печатач кој им е ставен на располагање на сите заинтересирани, а не изостанаа активности и во средното општинско училиште. Преку ИПА проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката за животна средина во СОУ„Св.Кирил и Методиј“ предвидена е замена на надворешните врати и прозорци и поставување на сончеви панели за обезбедување топла вода за потребите на корисниците на спортската сала и одвивање на кабинтеската настава во училиштето. Планирани се активности и инфо денови за важноста на енергетската ефикасност, како и разни креативни активности со учениците. Вредноста за партнерот СОУ„Св.Кирил и Методиј“ изнесува 86.740 евра. |
Повеќе...
|
|
Денеска (15.11.2018г.) со почеток од 14,00 часот ќе се одржи редовна седница на Советот на општина Неготино на која на дневен ред за расправа се наоѓаат 8 точки. Се очекува советниците да се произнесат по предлог-одлуката на УПВМН за лесна индустрија на катастарски парцели во Криволак, Црвени Брегови и Неготино, предлог-одлуката за определување на ширина на крајбрежниот појас на Тимјаничка река и Рајков дол во Тимјаник опфатени со урбанистички план, како и носење на одлука за давање согласност од општинскиот Совет за намената на инвестицијата. На дневен ред пред советниците ќе се најде и предлог-заклучокот за усвојување на кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.07.- 30.09.2018 година, предлог-заклучок за усвојување на план за програми за развој ИПА, како и други прашања од делокругот на работа на Советот на општина Неготино. |
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска одржа прес конференција „Една година отворена општина“ на која ги презентираше реализираните проекти и активности во изминатиот едногодишен период. Во продолжение во целост го пренесуваме интегралниот текст од обраќање на градоначалникот Тони Делков. Почитувани граѓани на општина Неготино, почитувани медиуми! Пред една година , кога и стапив на функцијта градоначалник на општина Неготино ја имав пред себе мојата визија, нашата визија-со вистинските лица до модерна, економски и инфраструктурно развиена општина, енергетски ефикасна со одржливо земјоделско производство и развиен вински туризам“ . Во остварување на визијата за Неготино јас, со мојот тим и со граѓаните на општина Неготино веруваме дека тоа што го правиме денес, го оставаме во наследство за нашите поколенија. Заеднички ги здруживме силите за подобар и поквалитетен живот во Неготино! Бевме и остануваме посветени во нашата мисија-Општина Неготино спроведува развојни проекти кои се од интерес на граѓаните за подобрување на патната инфраструктура и водоснабдувањето, системот за управување со комунален отпад, обезбедување на поголема енергетска ефикасност во јавните установи, квалитетно образование, култура и спорт, претприемништво и кластерско поврзување во аграрното производство и винскиот туризам, поддршка на бизнис секторот и општествена одговорност со цел одржлив развој на општината. Пред да ги претставам проектите кои ги реализиравме во текот на годината која измина и кои се во тек морам да кажам дека со домаќинско работење, со кратење на голем дел од трошоците, со помош од Владата на Република Македонија, но и со навремена наплата на сопствените приходи на општината, успеавме и ја менаџираме лошата финансиска состојба до денес. Презентација Една година отворена општина-прес конференција на градоначалникот Тони Делков |
Повеќе...
|
Се информира јавноста од општината дека утре (среда) 14.11.2018 година со почеток од 11,00 часот во големата сала на општината градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе одржи прес-конференција на која се поканети, ќе ја проследат и од истата ќе информираат локални, регионални и државни медиуми. Пресот ќе биде на тема „ЕДНА ГОДИНА ОТВОРЕНА ОПШТИНА“ и на истата градоначалникот Делков ќе ги информира присутните и пошироката јавност за остварените проекти и активности наа општина Неготино за периодот од 1 година од неговото стапување на функцијата градоначалник на општина Неготино. |
Синоќа, (8 ноември) заврши десетото јубилејно издание на традиционалниот турнир во табла, кој беше дел од богатата програма организирана по повод одбележувањето на Денот на градот – 8ми Ноември. На турнирот учество зедоа педесетина учесници претежно од помладата генерација, кои на тридневниот турнир одиграа интересни партии, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до завршницата. Победник на турнирот е Горан Михајловски кој за прв пат дојде до епитетот победник на овој масовен настан. За постигнатиот резултат победникот доби диплома и парична награда од 8.000 денари, додека поразениот во исклучително интересното финале, вицешампионот на турнирот Илија Петров доби диплома и парична награда од 5.000 денари. Третопласиран на турнирот е Атанас Стојчев, кој забележа победа во малото финале и на тој начин заработи парична награда од 2.000 денари. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>
|
Лист 142 од 314 |