За целите на двата проекти кои општина Неготино ги имплементира,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина”-,,wa-mbrella” и проектот ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,,-,,енпол-ее,, на ден 27.11.2018 во Солун-Република Грција беше одржан информативен семинар за Менаџирање со информационен системи организиран од Заедничкиот секретаријат за “ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка.
Семинарот опфати неколку теми:
- МИС општ опис на системот
- Регистрирање на корисникот и сметковотствено менаџирање ,
- Веб портал презентација,
-Работна средина & МИС Генерални операции,
- Процедура за Аплицирање на проектни предлози
- Одобрување на поднесената Апликациона форма
- Мониторинг процедура на проектот –Фаза А
- Процедури за проектен мониторинг
Присуството на овој настан беше искористено за остварување на договорни средби помеѓу менаџерските тимови на проектните партнери за проектот ,,wa-mbrella,, и,,енпол-ее,, од општина Неготино со надворешниот консултант за општините Алмопиа и Пела како прекугранични и водечки партнери во проектите.Во разговорите беа дискутирани клучните активности за суштинско имплементирање на проектот.