Секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ, претставници на Здружението на граѓани Вардарски тек и на Црвениот крст од нашиот град денеска другаруваа со најмладите припадници на ромската заедница. Средбата која се одржа во селото Криволак беше искористена на дечињата да им бидат доделени новогодишни пакетчиња со желби за добро здравје и многу среќа во Новата 2019 година. |
Повеќе...
|
|
Секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ и претставници на локалната администрација остварија посети на 7-те игрални кои делуваат во 7 рурални средини во неготинска општина чие функционирање е финансирано од локалната самоуправа. Целта на посетата беше во пресрет на Новогодишните и Божикните празници на сите дечиња да им се поделат новогодишни пакетчиња, а за возврат дечињата од сите игрални подготвија и изведоа пригодна програма во која доминираа песнички и пораки за Новата 2019 година. Секретарот Златковиќ од негово име и од име на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на сите дечиња им посака многу среќа и здравје во Новата година, а дечињата се заблагодарија на подароците и на убавите желби. |
Повеќе...
|
Проект,,wa-mbrella,, Согласно Одлуката од УО на ЈП,,Комуналец,, Неготино бр. 02-527/5 од 12.12.2018 ЈП,,Комуналец,, Неготино спроведува постапка за јавна набавка од УСЛУГИ за организирање на настан за Светскиот ден на водите на 22 Март 2019 за проектниот партнер 4 – ЈП,,Комуналец,,Неготино за проектот ,,wa-mbrella”. http://www.jpknegotino.com.mk/Struktura.html |
Разиграни и весели, со песна и игра, 50-тина штитеници кои престојуваат во дневниот центар за лица хендикеп Порака го пречекаа градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој издвои време да присуствува на нивната забава по повод Новогодишните и Божикните празници. Во пријатна и релаксирана атмосфера дел од штитениците изведоа пригодна програма, а за возврат градоначалникот Делков кој рече дека секогаш се чувствува пријатно меѓу нив им подели новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Делков на сите штитеници им ги честиташе празниците кои доаѓаат и им вети дека секогаш е подготвен да им излезе во пресрет на нивните потреби и барања. Од лично име и од име на штитениците јавна благодарност за подароците и одличната соработка изрази директорката на Порака Гордана Трајковска која ја искористи можноста на градоначалникот Делков и на сите граѓани да им ги честита Новогодишните и Божикните празници. |
Повеќе...
|
Вчера и денеска дечињата кои престојуваат во двата клона Мајски цвет и Пролет при детската градинка Фемо Кулаков, како и дечиња кои престојуваат во други просторни услови во руралните средини, добија новогодишни пакетчиња кои им ги подели најочекуваниот гостин во пресрет на празниците-Дедо Мраз. Во знак на благодарност, дечињата од двата клона потпомогнати од своите воспитувачи подготвија и изведоа 2 претстави и преку песна игра и забава ја испратија 2018 година, и посакаа добредојде на Новата 2019 година и му посакаа топло добредојде на Дедо Мраз. Настанот го проследи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков придружуван од своите соработници кој ја искористи можноста на сите дечиња, нивните родители и вработените во градинката да им ги честита Новогодишните и Божикните празници со желби за добро здравје, радост и среќа во Новата 2019 година. |
Повеќе...
|
Денеска ( среда 26.12 ) со почеток од 16,00 часот ќе се одржи 21-та седница на Советот на општина Неготино. На дневен ред и на разгледување пред советниците ќе се најдат предлог-програмите за работа на одделенијата при локалната самоуправа за наредната 2019-та година, предлог-Буџетот и одлуката за негово извршување за наредната година, како и предлог Буџетскиот календар. Советниците во Советот на општината ќе се произнесат и по повеќе предлог-одлуки од областа на урбанизмот, давање согласност за сопствено учество во имплементирање на проекти, одлука за добивање донација, давање согласност за измени на годишен план за вработување, предлог-правилникот за условите и начинот на вршење на авто такси превоз на патници во неготинска општина,а ќе се разгледува и годишниот извештај за финансиското работење на Комуналец во првите 9 месеци од годинава. На дневен ред ќе се најдат и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>
|
Лист 138 од 314 |