Сите поважни и фреквентни улици во градот се расчистени и проодни, а исто така проодни се и патиштата кои водат до населените места во општината. Од вчера екипи на фирмата задолжена за зимско одржување на улиците и патиштата, работници на ЈП Комуналец и на локалната самоуправа континуирано се присутни на терен и се ангажирани околу расчистувањето на снегот од улиците и тротоарите, во централното градско подрачје се прават патеки за олеснето движење на пешаците, сопствениците на деловни објекти го чистат снегот пред истите, а исто така и голем број граѓани го расчистуваат просторот пред своите домови. Специфичниот снег направи големи штети, па токму затоа се отстрануваат паднати дрвја од тежината на снегот на повеќе локации во градот, се интервенира со чистење на дрвја на кои им се заканува паѓање, се чистат споредните улици и тротоари, односно се прават максимални напори да се овозможи безбедно движење на возилата и пешаците на цела територија на општина Неготино. Активностите продолжуваат и ќе траат се додека е потребна интервенција на терен. |
Повеќе...
|
|
Во рамките на одржувањето на традиционалната стопанско-туристичка манифестација „Св. Трифун-2019г“ која се одржува од 12 до 14-ти февруари и оваа година ќе биде организиран натпревар во дегустација на вина и ракии на индивидуални производители. Од општина Неготино ги информираат сите заинтересирани индивидуални производители дека рокот за поднесување мостри од бели и црвени вина и ракии е од 25.01. (петок) до 08.02. (петок) во периодот од 08 до 16 часот во просториите на локалната самоуправа. Истите можат да се достават кај лицето Дени Трајков на 3-ти спрат во зградата на општина Неготино, а контакт со задолженото лице можат да остварат и на телефонскиот број 078-822-292. И оваа година поднесените мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручни лица-енолози, а за производителите на најквалитетните вина и ракии ќе бидат обезбедени и ќе им бидат врачени пригодни награди во четврток на 14.02. на денот на одржувањето на централниот настан по повод „Свети Трифун“ на градскиот плоштад во Неготино. |
Повеќе...
|
Како и секоја, така и оваа година општина Неготино благовремено започна со подготовки за одбележување на „Неделата на виното -Св. Трифун 2019“ со посебен акцент на празникот на лозарите и организирање на централниот настан на 14-ти февруари. Во присуство на претставници на локалната самоуправа, лозари, винарии, енолози, здруженија на граѓани, образовни установи,превозници и други се одржаа два состаноци на кои присутните беа запознати со предлог-програма за одбележување на „Св.Трифун“, при што и самите имаа можност да дадат прелиминарни забелешки и предлози. Според предлог-агендата, оваа година манифестацијата со која ќе се одбележи празникот на лозарите и винарите е насловена како „Недела на виното-Св. Трифун 2019“, а предвидено е истата да трае 3 дена со бројни активности кои ќе се одржуваат во деновите вторник, среда и четврток ( 12, 13 и 14 февруари ). Општина Неготино и за оваа година предлага спроведување на повеќе нови проекти во рамките на манифестацијата, а главната цел е во текот на трите дена од одбележувањето на празникот во Неготино да се привлечат што е можно повеќе гости од регионот, земјава и странство а со тоа манифестацијата да се издигне на ниво на препознатлива стопанско-туристичка манифестација. |
Повеќе...
|
Она што во 5 обиди предходно не му успеа на неговиот родител Борче, денеска го стори неговиот 15-годишен син Јован Богев. Имено младиот Јован денеска беше најсреќен и од сите учесници успеа да стигне прв и да го фати крстот во осветените води на реката Вардар посакувајќи си многу здравје и среќа во 2019 година. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на Јован му врачи пригоден подарок, му посака се најдобро, а на сите граѓани на општината им ги честиташе празниците Богојавление-Водици и Јован Крстител со желби за добро здравје, среќа и бериќетна година. Свештеникот од МПЦ Свети Атанасиј на Богев му врачи примерок од Светото писмо и икона, а традиционално лицето кое го фати крстот доби подарок и од покровителот Зегин. Настанот помина во најдобар ред и во присуство на илјадници граѓани на општина Неготино. |
Повеќе...
|
Во текот на вчерашниот и денешниот ден (среда и четврток) на улиците во Неготино беа фрлени 10 тони ризла и 2 тони сол, а од денеска на терен се присутни 2 машини „грејдер“ кои се ангажрани за расчистување на снегот од улиците и патиштата на територијата на општина Неготино. Локалната самоуправа со цел да обезбеди услови за нормално одвивање на сообраќајот, а по новите снежни врнежи во овие два дена, ангажираше работници на локалното комунално претпријатие, екипи на фирмата Коп инженеринг задолжена за зимско одржување на улиците и патиштата и стручни лица од општината кои постојано се присутни на терен, а во овие активности се вклучија и сопствениците на деловни објекти кои извршија расчистување на снегот пред сопствениот простор. Се очекува двете машини „грејдер“ во текот на денешниот ден да извршат расчистување на снегот на улиците и патиштите кои се најкритични за движење на возилата и пешаците, како и патната мрежа која води до установите и институциите кои се најпосетувани од страна на граѓаните на општина Неготино. |
Повеќе...
|
Новите врнежи од снег придонесоа службите за одржување на улиците и патиштата во општина Неготино веднаш да излезат на терен и да интервенираат за расчистување на новите наноси од снег. Екипи на фирмата задолжена за зимско одржување Коп инженеринг, работници на ЈП Комуналец и стручни лица од општината се присутни на терен и се ангажирани околу расчистувањето на снегот на најфреквентните улици, тие кои водат до установи кои се најчесто посетувани од граѓаните, централното подрачје и секундарната улична мрежа. Со цел за непречено одвивање на работите, надлежните апелираат до сопствениците на возила истите да ги тргнат од улиците, како би можела ангажираната механизација да врши нивно комплетно чистење по должина и ширина на улиците и патиштата. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>
|
Лист 136 од 314 |