Општина Неготино
Во Неготино се одржуваат информативни денови за земјоделците PDF Печати

   Денеска и утре Неготино е домаќин на информтивните денови за земјоделците кои се одржуваат во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ од ИПА програмата за прекугранична соработка кој се спроведува заеднички со водечкиот партнер, општина Алмопија од Грција, комуналното претпријатие од Алмопија и ЈП Комуналец од нашиот град. Во име на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој поради службени обврски не можеше да присуствува на настанот, присутните ги поздрави и им посака успешна работа секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ, воведно обраќање имаше директорката на „Коминалец“ Марина Бојаџиева, проектниот менаџер Лолита Ристова изврши презентација на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ (Wa-mbrella), а за моменталната состојба со животната средина во општина Неготино говореше клучниот експерт за води и биодиверзитет Ѓоко Зороски, кој воедно се осврна и на заштитата на животната средина со акцент на управување со водните ресурси и примена на заштитните средства при земјоделските активности. Главната цел на проектот е одржливо управување со водата преку најважните начини на нејзино користење и тоа во 3 сфери: 1-наводнување, 2-водоснабдување и 3-канализација, а намерата е преку проектот да се намали преголемата експлоатација и деградација на водата, како и намалување на еколошките влијанија на човековите активности преку одржливо користење на природните водни ресурси во екосистемите на прекуграничната област. Предложено е вкупното времетраење на проектот да биде 22 месеци, истиот се спроведува во 3 фази, при што во тек е втората фаза од развојот на проектот кога ќе бидат преземени и најважните проектни активности. Земјоделците како целна група на овие информативни денови, покрај експертските излагања кои имаа и ќе имаат можност  да ги слушнат овие два дена, имаа можност да даваат свои предлози и препораки во правец на преземање активности за подобрување на состојбите во општина Неготино.Вториот отворен ден за земјоделците ќе се одржи утре (четврток) во големата сала на општина Неготино со почеток од 10,00 часот.

Повеќе...
 
На 13 и 14 март во Неготино ќе се одржат информативни денови за земјоделците PDF Печати
  Општина Неготино ги информира земјоделците дека на 13 и 14 март (среда и четврток) со почеток од 10,00 часот во големата сала на локалната самоуправа ќе се одржат информативни денови кои се одржуваат во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“. Поканата е отворена и важи за сите заинтересирани земјоделци од нашата општина. Целта на информативните денови е да се презентира состојбата со животната средина и управувањето со водните ресурси во општина Неготино со осврт на влијанијата брз квалитетот на водата и животната средина од вршење земјоделски активности и примена на заштитни средства, како и примена на добри практики за наводнување на полињата и употреба на заштитни средства за културите со цел поттикнување на органското производство. 
 
 
 
Во Неготино одбележан светскиот Ден на енергетска ефикасност PDF Печати

   Во присуство на претставници од македонската Агенција за енергетика во Неготино се одбележа Денот на енерегетската ефикасност. Во оваа прилика на пригоден начин директорот на Агенцијата за енергетика Нехри Емрула на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков му го врачи позитивното мислење од Агенцијата за енергетика за подготвената тригодишна Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за период 2019- 2021 година, изработена од вработените во Заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион. Од страна на раководителот на Заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион Ванчо Петров за граѓаните на општина Неготино беше одржана презентација на тема „Енергетска ефикасност во домови и објекти“. Присутните имаа можност да се запознаат со   можностите и  придобивките од постигнување на  поголема енергетска ефикасност во нивните домови   и потенцијалите на  обновливи извори на енергија и  енергетска ефикасност во општина Неготино. По презентацијата, присутните и гостите од Агенцијата за енергетика ги  посетија просториите на Заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион и се запознаа со неговата опременост и работа.

Повеќе...
 
Одбележан патрониот празник на училиштето „Страшо Пинџур“-Неготино PDF Печати
   Денеска учениците, вработените и присутните гости со низа пригодни активности го одбележаа патрониот празник на Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ од Неготино. Од страна на присутните на прославата, најпрво се положи цвеќе пред спомен-бистата на патронот-загинатиот херој  Страшо Пинџур, за веднаш потоа со пригоден говор директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев да ги поздрави присутните гости, по што следуваше богата културно уметничка програма подготвена и изведена со учествуво на ученици и наставници од ООУ„Страшо Пинџур“. Одбележувањето на патрониот празник се искористи за доделување пригодни подароци на тројца пензионирани вработени во училиштето, а исто така награди и признанија им беа доделени на учениците-автори на најдобрите трудови по предходно распишаниот конкурс од страна на училиштето за ученици од петто до осмо одделение.
Повеќе...
 
Ќе се казнуваат несовесните граѓани кои фрлаат отпад на несоодветни места за тоа PDF Печати
   Од локалната самоуправа ги информираат граѓаните на општина Неготино дека е започната координирана активност за интензивно присуство на комуналните редари на терен, нивно интервенирање и изрекување соодветни казнени мерки за секое лице кое ќе биде затекнато како фрла отпад на несоодветни места за тоа, односно на диви депонии и локации надвор од градот. Се апелира до населението, доколку имаат потреба, отпадот да го носат на соодветна локација за тоа,а за помош и поддршка слободно можат да се обратат до општинските комунални редари. Исто така, со цел за елиминирање на појавата на неконтролирано исфрлање на отпадот, се апелира до граѓаните ако забележат, да пријават фрлање на отпад на несоодветна локација и доколку се во можност тоа да го документираат со фотографија. Секој граѓанин може да пријави неправилности на телефонските броеви на општинските комунални редари 078/484-953 и 078/213-814 кои ќе излезат на терен, ќе ја согледаат фактичката состојба и доколку е потребно, ќе преземат соодветни дејства и ќе изречат казнени мерки.
 
Неготинските наставнички Димова и Вељановска меѓу најдобрите во регионот PDF Печати

  Деновиве во Кинотека на Македонија се одржа Првата регионална конференција на најдобрите наставници од повеќе држави од регионот. Конферецијата беше организирана од Асоцијацијата на најдобри наставници на чело со најдобрите наставнички во светски рамки Весела Богдановиќ и Жељана Радојчиќ- Лукиќ а со поддршка на Просветно дело и амбасадорите проф. д-р Кирил Барбареев, проф. д-р Сузана Киранџиска и м-р Ксенија Маказлиева- Трајчева,и имаше за цел да ја развие идејата за вмрежување и соработка на најдобрите наставници од регионот. Беа промовирани 40-те  најдобри наставници од овие простори кои се избрани според критериуми за високи достигнувања на меѓународно и државно ниво, залагања во локалната заедница, учество во меѓународни и државни проекти, учество на конференции, издадени трудови во областа на педагогијата и сл. На листата на најдобри наставници се најдоа и две наставнички од нашиот град, наставничката по Музичко образование во ООУ "Гоце Делчев", м-р Павлинка Вељаноска и наставничката по информатика во ООУ "Страшо Пинџур" Георгина Димова.


Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 131 од 314