Општина Неготино
Вонредна седница на кризниот штаб на општина Неготино PDF Печати
   Грмежи, врнежи, појава на град и големо невреме најавуваат синоптичарите, според кои, земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Најавите се дека врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови, при што се очекуваат врнежи од 50 до 70 литри на м2. Ваквите прогнози ги мобилизираа надлежните од општина Неготино, па така се одржа вонредна седница на кризниот штаб на која беа координирани евентуалните активности што би се преземале, а се распределија и обврските помеѓу надлежните институции. На седницата на која присуствуваа и претставници на општина Д. Капија, Овр Неготино, противпожарната единица, ЈП Комуналец и Дирекцијата за заштита и спасување беа земени предвид сите потенцијални ризици, ресурсите кои можат да бидат мобилизирани, механизацијата која може да биде ставена во функција, а од Дирекцијата за цивилна заштита и спасување се обезбедени 1.800 вреќи со песок. Контактирани се и сите градежни фирми за ставање во функција на нивната механизација. До граѓаните се апелира да не ги паркираат возилата на главната улица Маршал Тито до Полициската станица како не би дошло до нивно оштетување, но и да се обезбеди простор за брза и ефикасна интервенција на надлежните. Се апелира и до жителите на населените места да бидат подготвени за вклучување во евентуални акции со работна рака и механизација. Надлежните продолжуваат со будно следење на состојбата, а утре ќе се одржи уште една седница на кризниот штаб.
Повеќе...
 
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино PDF Печати

Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2019 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува: 

                                       Ј А В Е Н   П О В И К
 за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино

1.  На повикот можат да се пријават: 
    - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
   - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)

2.  Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да поднесат:
    -   комплетна документација од извршена регистрација на клубот/сојузот;
    -   годишна програма за работа на кубот/сојузот;
    - апликативен формулар за доделување на средства во вид на пропишан образец (апликација) објавен на интернет страната на Општина Неготино;
   - доказ дека немаат блокирана сметка, односно доказ за активна наменска сметка, добиен од надлежна институција

Апликациите се доставуваат во тврда копија во предвидениот рок до Општина Неготино и во електронска форма до одговорното лице за спорт во општината.

Образецот (апликација) можете да го симнете од интернет страната на Општина Неготино.

За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите - потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.

Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.

Субјектите – потенцијални корисници потребната документација треба да ја достават до: 
Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино
Одделение за јавни дејности
Со назнака “Јавен повик за спортски клубови/спортски сојузи” или лично, во Архивата на Општина Неготино. 

Доставената документација и прилозите не се враќаат.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат кај одговорното лице за спорт директно во општината (соба број 39, IV кат) или на mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот 

Јавниот повик ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.
 

 
До 10-ти мај вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Печати

  Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 10-ти овој месец (мај) на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Театарската комедија “Арсеник и старите тантели” на репертоарот на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” PDF Печати

  На 10 мај 2019 год. (петок) со почеток од 20.00 часот во НУ Центар за култура “Ацо Ѓорчев” ќе гостува театарот од Соко Бања со познатата театарска претстава “Арсеник и старите тантели”. Претставата е најпопуларната и најизведуваната комедија на американскиот драмски писател Џозеф Кеселринг базирана на црн хумор. Одлична можност за љубителите на театарот да ја проследат оваа урнебесна комедија во изведба на гостите од Р. Србија. Влезот за претставата е 100 денари.

 
Во петок (03.05) од 10 до 13 ч. ќе има прекин во водоснабдувањето PDF Печати

   Од Јавното претпријатие „Комуналец“  ги информираат граѓаните на Неготино и населените места Тимјаник и Дуброво дека во текот на утрешниот ден (петок 03.05) во времето од 10,00 до 13,00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. Прекинот ќе биде поради промена на вентил на муљен испуст на главниот цевковод кон Неготино, а по завршувањето на зафатот, се очекува да дојде до нормализирање на водоснабдувањето.

 
Во ООУ„Гоце Делчев“ ќе се поставуваат нови алуминиумски прозорци со термопан стакло PDF Печати

   Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Неготино е меѓу 12-те училишта во Република Северна Македонија,  врз основа на поднесената апликација и објавените резултати, во кои ќе се врши реновирање на училишниот простор. Резултатите од повикот за аплицирање се веќе објавени, а изборот е направен во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, компонента 3-обезбедување стимул на училиштата преку реновирање во тековнава 2019-та година. Од УСАИД изразуваат благодарност до вработените во училиштето и до локалната самоуправа кои напорно работеа на одобрениот апликационен пакет. Директорот на училиштето Петар Мантев истакнува дека со овој проект комплетно ќе се менува стаклениот дел во холот на училиштето од сите страни со поставување на нови алуминиумски прозорци со термопан стакло,што пак ќе придонесе за поголема сигурност и безбедност на учениците и вработените и ќе се заштеди на енергија.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Следно > Крај >>

Лист 125 од 314