Општина Неготино
Санација на оштетени делови на улици во градот и населените места PDF Печати

    Во периодот кој измина се изврши санација на оштетени делови од коловозот во населените места Тимјаник и Тремник. Исто така со ваквата санација беа опфатени и оштетени делови од улици во градот Неготино. Со санацијата е предвидено да се изврши крпење на ударните дупки, вдлабнатини и пукнатини, и други оштетувања на коловозот со замена на коловозната покривка. Во периодот кој следи со ваква санација ќе бидат опфатени најпрометните улици и критичните точки од некои улици во градот.

Повеќе...
 
Денеска (среда 22.05.) до 16,00 ч. ќе има прекин во водоснабдувањето PDF Печати
  Се известуваат потрошувачите на вода за пиење од Неготино дека поради дефект на главниот цевковод Ф 315 од Ваташа кон Неготино, денеска (среда 22.05.) во периодот до 16,00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипи на ЈП Комуналец се на терен, работат на отстранување на дефектот и според најавите водоснабдувањето ќе се нормализира околу 16,00 часот.
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.3  05-204/4

Проект,,wa-mbrella,,
Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-204/1 од  09.04.2018 општина Неготино спроведе истражување на пазарот за потреба од  набавка- УСЛУГИ зa  Супервизија на градежните работи за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем  во Неготино за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The North Republic of Macedonia”,.По спроведенaтa анализа на пазарот општина Неготино достави покани до заинтересирани страни.Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2018-Simplified procedure ) .
Истата е  достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 22.05.2019 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 21.06.2019(петок)  до 12.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација кога е планирано и отварањето на понудите .

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Повеќе...
 
Ученици од Пепелиште се запознаа со функционирањето на општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на одвивањето на практичната настава по предметот општество, ученици од прво до петто оделение кои наставата ја следат во подрачното училиште во Пепелиште денеска заедно со своите наставници беа во посета на општина Неготино и се запознаваа со функционирање на органите и телата на локалната самоуправа. Нивниот престој започна со посета на салата за состаноци на општината каде што секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ подетално ги информираше за работењето на градоначалникот Тони Делков, советниците во Советот на општината и локалната администрација, начинот на раководење со општината, донесувањето на одлуки и решенија, изборот на градоначалник и советници, времетраењето на мандатот на истите, нивните права и обврски и слично. Активно учество зедоа и присутните ученици кои ги презентираа сопствените познавања за функционирањето на општината научени по предметот општество, а за се она што им беше непознато, подетални појаснувања добија од секретарот Златковиќ. Учениците од Пепелиште го посетија и кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а исто така извршија посета и на Музејот на град Неготино и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ од нашиот град.

Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2019 за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2019 година PDF Печати

   О П Ш Т И Н А    Н Е Г О Т И Н О
Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.05/2002) и согласно Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2019 година бр.08-611/7 од 26.12.2018 година („Службен гласник на општина Неготино“  бр.17/2018)  објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2019
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2019 година

1.Опис на јавниот повик
1.1.Општина Неготино, со цел да ги стимулира жителите на Неготино за користење на велосипеди а согласно тоа и намалување на бројот на возила кои ќе се движат низ градот, на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на Јавниот повик заклучно со 20.06.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед, односно адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност.
1.2. Средствата што Општина Неготино ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
1.3. Средствата што се превидени во Програмата бр.08-611/7 од 26.12.2018 година се во вкупен износ од 300.000,00 денари и нивната исплата ќе биде на товар на Буџетот на општина Неготино од програма L00.
1.4.Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.


2.Право на учество на Јавниот повик
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Неготино кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 20.06.2019 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.


3.Услови што треба да ги исполни барателот
Барателот треба да ги исполни следниве услови:
-    да е жител на општина Неготино,
-    велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик (до 20.06.2019 година),
-    да спаѓа во категорија на лица со потешки моторни пречки во движењето (за баратели кои аплицираат за адаптиран велосипед).
4.Начин на пријавување на Јавниот повик


4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до општина Неготино треба да достави:
- барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Неготино),
- доказ за жителство во општина Неготино, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, односно родител/старател на малолетно лице со телесна инвалидност,
- фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
- доказ дека е извршено купување на велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик,
- потврда дека велосипедот е адаптиран за потребите на барателот - лице со телесна инвалидност, со спецификација за видот на извршената адаптација,
- решение за видот и степенот на телесна инвалидност издадено од надлежен орган.
Документи од алинеја 6 и 7 прилагаат барателите кои аплицираат за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на адаптиран велосипед.
4.2. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед.
4.3.Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Неготино, ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
4.4.На пликот треба да е наведено “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед - Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед“
4.5. Архивата на општина Неготино примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5.Начин на спроведување на Јавниот повик


5.1.За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира комисија и тоа: ∙ Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед.
5.2.Општина Неготино, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 20.06.2019 година.
5.3.Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.
5.4.Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, општина Неготино ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна.
5.5 Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.


6. Начин на остварување на правото на надоместок
6.1.Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на средства за барателите кои ги исполниле критериумите согласно Јавниот повик.
6.2.Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за одбивање на барањето доколку барателот нема уредна и комплетна документација односно не ги исполнува условите дефинирани согласно Јавниот повик.

Барање за субвенции за велосипед

И з ј а в а

 
Во Неготино одбележан Денот на пожарникарите PDF Печати

  Со изведување на показна вежба, претставување на опремата и возилата и активно учество на пожарникарите со демонстрација на гаснење на пожар, денеска во кругот на Територијалната противпожарна единица во Неготино беше одбележан 20-ти мај-Денот на пожарникарите. Од име на локалната самоуправа празникот на неготинските пожарникари им го честиташе секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ кој им посака да имаат што е можно помалку работа, а кога ќе имааат да делуваат брзо и ефикасно, користејќи ја приликата да упати апел до населението од нашата општина за внимателно однесување при палењето на отворен простор. Командирот на ТППЕ-Неготино Иле Илиев истакна дека опременоста на неготинската единица е на солидно ниво, реализирани се нови вработување со што бројот на пожарникари изнесува 13 лица, а наедно и се заблагодари на одличната соработка со општина Неготино и поддршката што ја добиваат од неа. На показната вежба присуствуваа и со работата на пожарникарите се запознаа десеттина дечиња кои престојуваат во детската градинка „Фемо Кулаков“ од нашиот град.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Следно > Крај >>

Лист 123 од 314