Општина Неготино
Се асфалтираат 3 километри од патниот правец Војшанци-Бистренци PDF Печати

  По завршувањето на градежно-асфалтерските работи на патот од Дуброво до Војшанци во должина од 1,6 километри, работниците и механизацијата на Јавното претпријатие „Македонија пат“ продолжија со асфалтирање на патниот правец од Војшанци-општина Неготино до локацијата на поранешниот рибник кај селото Бистренци-општина Демир Капија. Како што информираат надлежните, се асфалтираат 3 километри од патниот правец Војшанци-Бистренци до должина од 3 километри со вкупна ширина на патот од 4 метри, а работите на овој пат се очекува да финишираат најдоцна до крајот на оваа работна недела. Со тоа, велат стручните лица, се заокружува асфалтирањето на делницата 2137 Дуброво-Војшанци-Бистренци-Корешница и се создаваат услови за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на овој патен правец.

Повеќе...
 
Оглас за заинтересирани семејства-домаќини PDF Печати

Почитувани граѓани,
И оваа година Мировен корпус има потреба од семејства-домаќини кои би сакале да прифатат волонтер/ка во периодот од 28.09.2019 до 07.12.2019. Заинтересираните семејства можат да пополнат формулар и да го достават до општината или, пак, да ни го испратат по имејл на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
За дополнители информации ве молиме обратете се на телефоните на Мировен корпус: 02/3090-012 или 070/ 30-60-48.
Се радуваме на можноста за соработка!

АПЛИКАЦИЈА ЗА СЕМЕЈСТВО-ДОМАЌИН

 

 
Покана за понуда PDF Печати
Реф.05-290
Покана за понуда
Согласно Одлуката  на градоначалникот на  општина Неготино бр.05-290/1 од 06.06.2019 за утврдување на потреба од доделување на договор за набавка за РАБОТИ (WORKS) за Проектот ЕНПОЛ -ЕЕ ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy”  согласно Договорот за грант број ,,ЕНПОЛ-ЕЕ” SO2.1-SC025 од 25.05.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia”, општина Неготино“ објавува ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ (PRAG 2018) .
Истата е  достапна во проектната канцеларија за Локален економски развој на општина Неготино–почнувајќи од 10.06.2019 година.
Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 10.07.2019 (среда) до 09.00 часот.
Сесијата на отварање, согласно инструкциите во тендерската документација е планирана истиот ден 10.07.2019 во 10.00 часот.
Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на веб страната на  општина  Неготино www.negotino.gov.mk и на страната на Програмата http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/
Повеќе...
 
Саша Ковачевиќ на “Negotino OFF Festival" 2019 PDF Печати

    На 9 јуни (недела) на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи голем музички хепенинг под наслов “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” на кој учество ќе земат познати музички артисти од земјава и регионот. Настанот е во организација на ивент агенцијата “Ентфинити”, а ко-организатор и покровител на истата е Општина Неготино. Овој настан ќе биде организиран по повод завршувањето на учебната година и се планира истиот во иднина да стане традиционален. Дел од богатата програма на “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” ќе бидат најпознатите јутубери во земјава – Steffonator и GP, моментално најактуелното музичко дуо “2 Бона” заедно со Таско и специјалниот гостин на вечерта, големата балканска музичка ѕвезда - Саша Ковачевиќ.
Подржувачи на овој музички спектакл кој за првпат ќе се случува во нашиот град ќе бидат и голем број на спонзори, кои ќе бидат објавени дополнително.

 
Во недела (09.06) од 13,00ч. во центарот на Неготино ќе има изменет режим на сообраќај PDF Печати

  Општина Неготино ги информира граѓаните од општината дека во недела на 9-ти јуни поради одржувањето на манифестацијата „Negotino off festival 2019“ во центарот на градот со почеток од 13,00 часот па се до завршувањето на настанот ќе има изменет режим на сообраќај. Имено, во споменатиот период ќе важи забрана за движење на возила на потегот од семафорите до раскрсницата со ул„Гоце Делчев“ пред зградата на општина Неготино, како и паркирање на возила на овој потег. Се замолуваат моторизираните граѓани во недела од 13,00 часот, но и пред тоа, да не ги паркираат своите возила на овој потег и да овозможат слобода и комодитет во движењето на пешаците, односно на многубројните посетители од нашата и други општини кои се очекува да присуствуваат на фестивалот чие одржување ќе кулминира со настапот на балканската музичка sвезда Саша Ковачевиќ.

 
До 10-ти јули 2019г. вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Печати

   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 10-ти јули 2019 година на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
<< Почеток < Пред 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Следно > Крај >>

Лист 120 од 314