Од локалната самоуправа Неготино ги информираат граѓаните на неготинска општина дека поради присуството на лоши временски услови, најавената за вечерва (среда) дезинсекција се одлага и ќе се изврши утревечер (четврток 11.07.2019 година). |
|
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕГОТИНО СОГЛАСНО СО ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОПШТИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА ДДД ЗА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЗА 2019ГОДИНА, ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ДЕКА ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН 10 ЈУЛИ ПОЧНУВАЈЌИ ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА КРИТИЧНИ ТОЧКИ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ СО МАШИНСКО РАСПРСКУВАЊЕ СО ПРЕПАРАТОТ АКВА-КОТРИН ОД СТРАНА НА СТРУЧНИ ЛИЦА ОД ЗОТОКС ДООЕЛ Скопје ПОД НАДЗОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ОД ВЕЛЕС. СО ПРСКАЊЕТО ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ 4 ЛОКАЦИИ И ТОА - КЕЈОТ НА ТИМЈАНИЧКА РЕКА, БРЕСТИН ДОЛ, МАРЕНСКИ ПОРОЈ И ПОТЕГОТ ОД КРИВОЛАК ДО ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА И СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА. СЕ ИНФОРМИРААТ ГРАЃАНИТЕ И ЗДРУЖЕНИЈАТА КОИ ОДГЛЕДУВААТ ПЧЕЛИ И ДРУГИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ СИТЕ НЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА НИВНА ЗАШТИТА.
|
Со финансиски средства од Буџетот на општина Неготино веќе извесен период на терен се спроведуваат активности за реконструкција на оштетените сливни решетки, а наскоро следува и нивелирање на оштетените и пропаднати шахти. Со градежните активности за реконструкција на оштетените сливни решетки опфатени се следните улици во градот: Цандо Кожинков, Климентова, Ленинова, Даме Груев, Христо Ботев , Партизанска, Гоце Делчев, Борис Кидрич, ЈНА и Првомајска. При изведбата на работите инсистираме на соодветна заштита од можни оштетувања на постоечките здрави елементи од сливните решетки, а така ќе биде и со шахтите, уличните рабници, како и постоечките подземни и надземни инсталации. Исто така, бараме да бидат запазени и соодветно обработени слоевите на sидовите од решетките и шахтите со останатата коловозна конструкција. Инаку, со градежните активности за нивелирање на оштетените и пропаднати шахти предвидено е да бидат опфатени следните улици: Даме Груев, Ленинова, Петар Демирски, Климентова и во селото Пепелиште. Паралелно, согласно договорот за санација и реконструкција на стари улици, изградба на нови и крпење на ударни дупки, во тек се градежни активности за санирање на ударните дупки на главната и најфреквентна улица во Неготино „Маршал Тито“. |
Повеќе...
|
Со стапување на сила на Закон за изменување и дополнување на Законот за детска заштита, и со донесување на Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија со која се утврди вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорите на јавните установи за деца,вработените во ЈУОДГ „ФЕМО КУЛАКОВ“ Неготино добија покачување на своите плати почнувајќи од месец Јуни 2019 година.ЈУОДГ„ФЕМО КУЛАКОВ“ Неготино е помеѓу првите 20 градинки во Република Северна Македонија која ја спроведе целокупната постапка за да вработените во установата добијат повисока плата .Голем придонес во постапката за остварување на повисока плата во градинката има Совет на Општина Неготино кој ни излезе во пресрет и на одржана седница на Совет на Општина Неготино донесе одлука со која се даде Согласност за висината на бодот за вработените во установата, без која одлука не можевме да ги превземеме следните фази од постапката за да стигнеме до посакуваната цел.Со потпишување и стапување на сила на нов Колектривен Договор од ден 28.06 2019 година, се зголеми и бодот за пресметување на плата за помошно-техничкиот персонал во нашата установа.Значи со еден збор сите вработени во ЈУОДГ,,Фемо Кулаков,,Неготино ќе земат повисока плата почнувајќи за Месец Јуни 2019 година, заклучно со 31.08 2019 г, а веќе од 01.09 2019 г до 31.12 2019 г ќе има ново покачување на платите а кое нешто е утврдено со гореспооменатата Одлука донесена од страна на Влада на Република Северна Македонија, на која одлука согласност даде Совет на општина Неготино. |
Повеќе...
|
Деновиве граѓаните на општина Неготино реагираат на присуството на чад, а денеска и официјално од страна на АРМ е соопштено дека чадот доаѓа од армискиот полигон Криволак каде што во тек е изведувањето на воената вежба „Одлучен удар“. Според зборовите на Тони Јаневски-портпарол на АРМ, од извршувањето на артилериско гаѓање на воената вежба на Криволак, настанати се 7 помали пожари на трева и нискостеблеста шума, од кои 4 се сосема изгаснати, а 3 се локализирани, а при гаснењето се интервенирало и со хелокоптери на армијата. Иако воената вежба „Одлучен удар“ е предвидено да трае до 9-ти јули, боевите гаѓања завршуваат во петок, а со тоа се намалува и можноста од настанување на нови пожари. |
Се известуваат граѓаните дека поради итно и неодложно интервентно чистење на каналската мрежа од алги од страната на Водостопанство „Тиквеш“ во деновите среда и четврток (03 и 04 јули) ќе биде во прекин снабдувањето со вода за наводнување на дворните површини. Реедовното снабдување ќе продолжи од петок (05 јули) а дотогаш се апелира до граѓаните за рационално трошење на водата за пиење. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Следно > Крај >>
|
Лист 117 од 314 |