Општина Неготино
Обезбедени средства за реновирање на дел од училишната зграда на ООУ„Гоце Делчев“ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, директорот на ООУ„Гоце Делчев“ Петар Мантев и Небојша Мојсовски-раководител во УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието го потпишаа договорот со кој обезбедени средства за реновирање на дел од училишната зграда на ова неготинско основно училиште. Имено, по распишаниот конкурс од страна на МЦГО-Македонски центар за граѓанско образование апликација за добивање средства поднесле 190 училишта од цела држава, а ООУ„Гоце Делчев“ е едно од 12-те училишта чија апликација е прифатена и се оебзбедени финансиски средства за реализацијата на проектот. Согласно потпишаниот договор, со проектот ќе се реновира влезот на централната зграда и стаклениот дел од влезот. Тендерот за изведувач на работите го распишува МЦГО, а се очекува градежните работи да стартуваат на 15-ти и да завршат до 20-ти август, пред почетокот на новата учебна година.

Повеќе...
 
Во подрачното училиште во Д.Дисан се одвиваат повеќе градежни активности PDF Печати

   Во ова училиште кое делува во склоп на ООУ„Гоце Делчев“ од нашиот град, деновите од летниот распуст кога не се одвива настава се користат за непречено одвивање на повеќе градежни активности. За прв пат, со донација од амбасадата на Јапонија, во сите простории на училиштето се поставува парно греење, со што пак, од употреба ќе бидат исфрлени помошните грејни тела кои досега се користеа за затоплување на просториите. Паралелно, училишниот двор се поплочува со бекатон коцки, а исто така се поплочуваат и влезните скали на училиштето. Постоечката и дотраена метална ограда се заменува со нова, а се гради и потпорен sид за нивелација на теренот.

Повеќе...
 
Со бекатон коцки комплетно уредена улица во Војшанци PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со советници од Советот на општината извршија увид на завршените работи на улица во селото Војшанци-активност која се одвиваше со средства од Буџетот на општина Неготино. Станува збор за уредување на улицата кој води до локалното игралиште и локалната црква, а со реализацијата на овој проект со поставување на бекатон коцки се уредија околу 1.200 метри квадратни од оваа улица. Градоначалникот Делков, советниците и месното население изразија задоволство од навременото и квалитетно завршување на работите за поставување на бекатон коцки на улицата во Војшанци.

Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
   Општина Неготино ги известува граѓаните кои што во нивните дворни површини имааат дрва со крошни, а истите  го попречуваат простирањето на светлината од светилките од уличното осветлување, кои се поставени на столбови во или надвор од нивните дворни површини, да ги скратат гранките кои ги покриваат светлосните полиња на светилките, за да се зголеми ефектот на уличните светилки. Пожелно е светлосното поле да  биде ослободено во радиус од најмалку три метри од светилкката. Со овој чекор ќе се даде придонес кон побезбедно одвивање на сообраќајот и  поголема безбедност на пешаците во ноќните часови. Од заедничкото  одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион со седиште во Неготино се надеваат дека ова барање за вака мала активност на граѓаните ќе биде прифатена и сите ќе дадеме придонес кон погоре споменатите придобивки.
Повеќе...
 
Од 22 до 26 јули вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Печати
   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности-гаѓања, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот од 22 до 26 јули,оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
Започна изградбата на првата социјална зграда во Неготино PDF Печати
   На локацијата на ул. Едвард Кардељ број 52 во нашиот град во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски, претставници на локалната самоуправа, пратеници и други присутни започна изградбата на првата социјална зграда во Неготино. Нашиот град, по Пробиштип, е втор во државава каде што се гради една од планираните социјални згради, а вкупната вредност на проектот е 15.000.000 евра - средства обезбедени од банката за развој на Советот на Европа во согласност со Законот за задолжување на Република Северна Македонија.  Социјалната зграда во Неготино ќе има вкупно 62 станови со површина од 35 до 45 метри квадратни, а планирана е изградба и на паркинг простор. Со изградбата на оваа зграда со рок на изведба на работите од 18 месеци во блиска иднина станбеното прашање ќе го решат дел од примателите на социјална помош, лица со инвалидитет, лица со посебни потреби и самохрани родители.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Следно > Крај >>

Лист 116 од 314