Согласно Одлуката на градоначалникот на општина Неготино бр.05-508/1 од 27.09.2019 за утврдување на потреба од доделување на договор за набавка -НАБАВКА и замена на уличното осветлување со LED технологија за енергетска заштеда и редукција на ЦО2,за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот ЕНПОЛ-ЕЕ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy” согласно Договорот за грант број ,,ЕНПОЛ-ЕЕ” SO2.1-SC025 од 25.05.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece –Republic of North Macedonia”, општина Неготино“ објавува ЛОКАЛНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ (PRAG 2019) . Истата е достапна во проектната канцеларија за Локален економски развој на општина Неготино–почнувајќи од 10.10.2019 година. Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 11.11.2019 (понеделник) до 10.00 часот. Сесијата на отварање, согласно инструкциите во тендерската документација е планирана за ден 18.11.2019 во 10.00 часот. Општина Неготино постапката ја обајавува на веб страната на општина Неготино www.negotino.gov.mk , на страната на Програмата http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/, на Биро за јавни набавки- огласи за меѓународни иснтитуции https://e-nabavki.gov.mk/Auth/Index#/international-donor-announcements?Category=2 ,како и во Службен весник на РСМ. Контакт: 043-361-045 |
Повеќе...
|
Општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со Националната Установа Природонаучен Музеј на Македонија организираа Изложба насловена 8 MEGA ANNA - 8 МИЛИОНИ ГОДИНИ во изложбениот салон на Музеј на град Неготино. На изложбата се поставени 40 професионални документарни фотографии во црно-бела техника изработени од Александар Гаревски, од петгодишното истражување во село Долни Дисан, од страна на палеонтолозите од Природонаучен музеј на Македонија и палеонтолози од Природонаучен музеј од Софија, Република Бугарија. Освен фотографии, изложени се и предмети, односно коски, заби и слично од слонови-мастодонт, носорог, газела, мајмун и друго. На изложбата беа присутни и претставници од Природонаучен музеј Биљана Гаревска, виш кустос, Билјана Карамачоска – кустос и Ивица Заркадов – лаборант од одделението за геологија и палеонтологија. На отварањето Гаревска појасни дека ова е прва тематска, палеонтолошка изложба во оваа општина, во која е претставено природното фосилно богатство од селото Долни Дисан. „Сево ова има воспитно-образовен карактер, запознавање одблизу со една ретка фосилна мега фауна, карактеристична за Балканот. Фосилниот материјал е од пет различни видови на фосилни слонови кои првпат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни и друго“, нагласи Гаревска, изразувајќи посебна благодарност до општината и Музејот и особено до семејствата Ташеви и Нојкови, кои им биле поддршка на терен. Изложбата е посветена на професорот д-р Ристо Гаревски, кој поголемиот дел од својот живот го посвети токму на палеонтологијата и нејзиното афирмирање во светот на науката и културата. Изложбата ќе биде поставена во Музеј на град Неготино до 04 ноември 2019 година. |
Повеќе...
|
Се апелира до граѓаните на општина Неготино, како од градот, така и од населените места, кои во овој период од годината печат ракија, да не го исфрлаат отпадот, т.е. комињето во контејнерите за смет и на други несоодветни места за тоа. Комуналните редари при локалната самоуправа континуирано се присутни на терен, ги следат и регистрираат состојбите и неправилностите и првобитно делуваат со превентивни предупредувања до несовесните граѓани. Но, истакнуваат од локалната самоуправа, доколку се продолжи со ваквата пракса и опомените не вродат со плод, ќе се пристапи кон изрекување на мандатни казни. |
На покана на директорката на градинката Јана Коцева и вработените, денеска во рамките на одбележувањето на „Детската недела“ градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари работна посета на оваа установа запознавајќи се со тековните активности, како и со активностите кои се спроведуваат и ќе се спроведуваат во рамките на „Детската недела“. На задоволство на градоначалникот, тој имаше можност да ги посети занималните во кои престојуваат дечињата од различни возрасни групи, а посетата ја искористи од име на општина Неготино за потребите на дечињата од градинката и за дечињата од 3-те групи во други просторни услови да донира 15 магнетни таблички за цртање. За време на посетата градоначалникот Делков беше информиран и за активностите од „Детската недела“ која се одвива под мотото „Децата имаат право на среќно детство“, а имајќи ги предвид позитивните чувства и искуства од ваквите и слични другарувања со нашите најмлади сограѓани, тој истакна дека со нетрпение ја чека следната можност повторно да биде во друштво на најмладите жители на општината. |
Повеќе...
|
Од денеска 8-ми октомври започна да тече и до 24-ти октомври оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино 8-ми Ноември. Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Наградата и признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози до архивата на општина Неготино е четврток 24-ти октомври. Пристигнатите предлози најпрво ќе ги разгледа Комисијата за награди и признанија при општинскиот Совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи во петок на 8-ми Ноември - Денот на ослободувањето на нашиот град. |
|
|