За потребите на граѓаните, но пред се на туристите во нашиот град, со цел подобрена достапност на локалните институции, винарии, угостителски објекти, сместувачките капацитети, археолошки локалитети и сите други знаменитости и услуги кои ги нуди општина Неготино, обезбедивме така наречена Info - Touch постојка. Оваа Info - Touch постојка работи врз принцип на специјална андроид апликација изработена исклучуво за општина Неготино. За многу краток временски период во употреба ќе биде пуштена и андроид апликацијата за широка употреба на сите смарт телефони Постојката се наоѓа во дворот на општинската зграда и од денес е достапна за сите граѓани да можат слободно да ја користат. |
Повеќе...
|
|
Во рамките на редовните работни активности, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претседателот на Советот Диме Витанов и вработени во локалната самоуправа остварија работна посета на ЈП„Комуналец“ и средба со директорката Марина Бојаџиева и дел од вработените. Средбата беше искористена за взаемно информирање за досега реализираните активности на локалното комунално претпријатие и на општина Неготино во делот на работењето на претпријатието, за тековните, но и за активностите кои се дел од програмата за работа и дополнително треба да се спроведат. Констатирано е дека со заедничка координација значително е подобрена состојбата со водоснабдувањето што резултираше во летниот и есенскиот период да нема редукции на водата за пиење, извршена е набавка на геофон и ултразвучен мерач за навремена детекција на загубите на вода, хигиената во градот и населените места е на задоволително ниво, набавен е нов ровокопач за потребите на Комуналец, а наскоро се очекува и набавка на возило канал џет за отшушување на јами и канализации што е од голема потреба за претпријатието. Градоначалникот Делков беше информиран дека за разлика од порано кога платите на вработените доцнеа по повеќе месеци, сега личниот доход на вработените во Комуналец им се исплаќа навремено и нема заостанати плати, а редовно се плаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување. |
Повеќе...
|
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каески и претставници од Советот на општина Неготино присуствуваа на воведувањето во работа за реконструкција на спортската сала „Младост“-проект кој градоначалникот им го вети на граѓаните на општина Неготино во програмата за работа. Според динамиката на работите, ќе се изврши комплетна замена на старата со нова подна и кровна конструкција на салата со средства од Агенцијата за млади и спорт, а општина Неготино ќе обезбеди средства за дооформување на соблекувалните и поставување електрична мрежа, со единствена цел да го вратиме сјајот на овој, некогаш, прекрасен објект. Градоначалникот Делков од негово име и од име на граѓаните на нашата општина му се заблагодари на директорот Каески за одобрениот проект за изградба на детски базен во склоп на СРЦ„Младост“, со што овој простор ќе се заокружи како неодминливо катче за спортување, одмор и релаксација. Директорот Каески истакна дека реконструкцијата на салата, после долги години запуштеност, станува реалност во согласност со политиките на Агенцијата за создавање места кои ќе бидат собиралишта за младите од неготинска општина и каде што тие, но и идните генерации, ќе имаат пристојно место за спортување и водење на здрав живот. Каески информираше дека вредноста на реконструкцијата на салата е 12.000.000 денари со краен рок за завршување на работите до март 2020 години, но со напори реконструкцијата на објектот да заврши и порано од предвиденото. |
Повеќе...
|
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, советник за граѓанско образование при Министерството за образование и наука, претставници на Советот на општината и локалната самоуправа и други гости присуствуваа на отворениот ден што се одржа во ООУ„Гоце Делчев“ во рамките на новиот концепт за граѓанско образование. Отворениот ден беше исполнет со низа манифестации меѓу кои драматизација на тема Биди другар, не насилник, од страна на учениците од 8 и 9 одделение се водеше дебата на тема Женските се поуспешни од машките која беше оценувана од 3 члено жири и тоа Гордана Чолчева претседател на Советот на родители, Диме Витанов претседател на општинскиот Совет и директорот на училиштето Петар Мантев. Настанот се искористи за презентација на новиот училишен бенд, се одржаа и спортски игри и ликовни активности во насока на јакнење на демократијата. |
Повеќе...
|
Во рамките на проектот Енпол-ЕЕ од програмата за прекугранична соработка, општина Неготино го организираше вториот инфо ден кој ја обработуваше темата „Важноста на енергетската ефикасност за заштита на животната средина“. Проектната задача одговара на основното прашање, а тоа е како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетските политики во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигање на свеста на локалното население во врска со мерки на енергетска ефикасност. На инфо денот тим лидерот на проектот ги претстави реализираните активности во склоп на проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животна средина“, додека претставник на проектниот тим ги претстави конкретните мерки на локалните власти во општина Неготино и нивниот придонес за енргетска ефикасност и почиста животна средина. Одржаниот инфо ден е само една од многуте активности кои се спроведуваат во рамките на овој проект. |
Повеќе...
|
Во рамките на празнувањето на Денот на градот - 8ми Ноември, Општина Неготино по 11-ти пат ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2019”. Истиот ќе се одржи од 6 до 8 ноември. Право на учество имаат сите граѓани на општина Неготино, а наградниот фонд за најдобрите учесници на овој турнир изнесува 15.000 денари. Бројот на учесници на турнирот е ограничен, а пријавувањето за учество се врши на телефонскиот број 076/749-098 кај лицето Костадин Цветков. Турнирот ќе биде отворен на 6 ноември (среда) во 17.00 часот кога ќе бидат одиграни првото и второто коло од истиот. Наградите и дипломите на најдобрите тројца учесници ќе им бидат врачени на 8 ноември (петок) по завршувањето на турнирот.
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Следно > Крај >>
|
Лист 104 од 314 |