Со прием на гости од земјава и странство и положување на свежо свеќе од страна на повеќе делегации на спомен-бистите на паднатите борци во НОВ започна одбележувањето на Денот на ослободувањето на нашиот град 8-ми Ноември. Празнувањето продолжи со одржувањето на свечената седница на Советот на општината која ја отвори и присутните ги поздрави претседателот Диме Витанов, а пригодно обраќање за значењето на денешниот празник имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. На свечената седница присутните имаа можност да проследат аудио-видео материјал за реализираните проекти и активности на општина Неготино помеѓу двата празника, по што се пристапи кон доделувањето на наградата и признанијата по повод Денот на ослободувањето. Според одлуката на Советот на општина Неготино годинашни добитници на осмоноемвриските признанија се Дионис Пашлаков од општествено-промотивна и туристичка дејност, Страшо Андов од хуманитарната дејност, Роберт Ристов од областа на културата и Марија Јанева од областа на спортот. Највисоката награда 8-ми Ноември постхумно му беше доделена на Лазар Димов од областа на општествено политичката дејност. Свечената седница заврши со мини-концерт на Пламенка Трајковска „Гудачко трио“. |
Повеќе...
|
|
Стотина ученици и во 2019-та година зедоа активно учество на традиционалните улични трки во Неготино-настан кој е дел од програма за одбележување на празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Под менторство на своите наставници и професори, ученици од двете основни училишта од градот „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“, како и ученици од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ учествуваа во натпреварувањето со цел да остварат што е можно подобар пласман. Присутните на градскиот плоштад, каде што беше и целта, а стартот од кај градскиот Музеј, имаа можност да следат возбудливи и до крај неизвесни трки, во кои победникот се решаваше во последните метри. По завршувањето на трките, следеше чинот на прогласувањето на најуспешните во своите категории, а признанијата и медалите им ги врачи секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ кој на најдобрите им честиташе на постигнатиот успех, а наедно до сите натпреварувачи упати благодарност за учеството на настанот. |
Повеќе...
|
Како дел од богатата програма која што општина Неготино ја организира по повод празнувањето на Денот на ослободувањето на Неготино – 8ми Ноември, во Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ беше организиран одбојкарски турнир (женска конкуренција) помеѓу спортските училишни клубови на средни училишта од Неготино, Кавадарци, Валандово и Прилеп. Полуфиналните и финалниот натпревара беа одиграни денес во спортската сала на СОУ “Св.Кирил и Методиј”, а благодарниците за учество на екипите им ги додели секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ. |
Повеќе...
|
Како и секоја, така и оваа година, градоначалникот на опшина Неготино Тони Делков и локалната самоуправа во соработка со Здружението на слепи лица од Неготино, а по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на нашиот град 8-ми Ноември, го организираа традиционалниот турнир во игрите на Голбал кој се одржа во спортската сала на СОУ„Св.Кирил и Методиј“. Учество на турнирот зедоа 3 екипи од Здруженијата на слепи лица од Струмица, Кавадарци и Неготино, а на сите учесници организаторот им додели дипломи. Претставник на Здружението на слепи лица од Неготино ја искористи можноста да упати благодарност до градоначалникот на општина Неготино Тони Делков за поддршката при организацијата и одржувањето на турнирот со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина, од причина што покрај натпреварувачкиот карактер, овој турнир е можност за соработка и другарување меѓу членовите на Здруженијата на слепи лица од повеќе градови. |
Повеќе...
|
Во рамките на празничната програма која општина Неготино ја организира по повод Денот на градот - 8ми Ноември во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” денес со почеток од 19 часот ќе биде изведена комедијата „Скандал“ во режија на Роберт Ристов и во продукција на „Театар провокација“. “Скандал” е нова провокативна интерактивна претстава на независниот театар “Провокација” во која публиката има задача да го пронајде убиецот на познатата пијанистка Лена Вагнер. Осомничени се сите присутни во фризерскиот салон… Се работи за урнебесна крими-комедија од која се очекува да биде успешна исто колку и претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ која трета сезона се игра на сцената на Театар Комедија. Во улогите ќе настапат Никола Кузелов, Мирјана Поповска-Ристов, Даријан Петров, Јелена Мијатовиќ, Чедомир Митевски, Радо Алексовски. Костимограф е Елена Лука, кореограф – Искра Шукарова. Овaa театарскa претстава својата премиера ја доживеа на 20 октомври во Театар Комедија, па така граѓаните на Општина Неготино ја имаат привилегијата да ја погледнат веднаш по незината премиера во Скопје. Претставата е финансирана од Општина Неготино. |
Општина Неготино оваа година подготви дводневна богата програма по повод прославaта на 8-ми Ноември - Денот на градот и одбележувањето на 75 години од ослободувањето на Неготино. Настаните ќе бидат организирани на 7ми и 8ми ноември (четврток и петок) на повеќе различни локации, а свечената седница на Советот на општината ќе се одржи во петок - 8 Ноември со почеток од 11.30 часот во кино салата на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино.
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Следно > Крај >>
|
Лист 103 од 314 |